Не плачи душо..тоа беше Љубов која живееше во мене ..небеше спремна за тоа..твоето срце беше замрзнато во Еоните додека живееше во своето Кралство од мраз..не плачи душо..јас бев пламен кој постоеше да го стопам твојот мраз...можеби не се лажам пак,ти сега живееш во Бура Бескрајна која ја нарекуваш Копнеж...некаде во длабочините на душата сеуште го слушам твојот скриен плач...сега кога повторно станувам тоа што сум бил отсекогаш..Дете на светлината...ти дозволувам да ме мразиш уште повеќе ,и во таа омраза гледам ги тераш другите да личат на тебе..зборовите мои сега за тебе се само осамени пеперутки,или некои желби од полумртви спомени....веќе болката неможи да ме повреди..тагата да ме поклопи...со болката гледам напред..со тагата играм насекаде весело...на темнината не и дозволувам да го слика мојот лик во своите пространства...ти незнаеш после тебе се роди нова детелинка на ливадата...од далечна ѕвезда песна ми дојде...синоќа твоето писмо за збогум во сонот ми дојде..го донесе Ангелот мој..беше кратко..само неколку ладни зборови...ЗАМИНУВАМ ЗАСЕКОГАШ,НЕ МЕ БАРАЈ НИ ВО ТВОИТЕ СОНИШТА......Знаеш многу добро ,ти бев и другар,и пријател,и љубовник верен...за мене беше една цела вечност..бескрајна вселена...кога се плашеше од твоите скриени спомени,ти бев утеха деноноќна...на моето небо беше сонце појако од вистинското сонце..во моето деноноќие беше мојата најубава зора..во мојата шума беше беше најубавата срна... Не плачи душо..тоа беше Љубов која живееше во мене ..небеше спремна за тоа..твоето срце беше замрзнато....сега твојот свет е само ловиште во кој си станала суров ловец..навистина не плачи Душо...небеше спремна за тоа......Јас заминувам ..илузијата розева ти ја оставам тебе..таа беше твојот свет кој го градеше и го градиш ти... Шепотите од Вечноста ги посветувам по којзнае кој пат на мојата една и единствена Муза која ја познаваше моето перо..

Сите патишта на мојата Душа

во бескрајот почнаа и таму ќе завршат,крај мојата мајка во прапочетокот..и од тој прапочеток шепотот стигна….ја избра Љубовта како нестварна и чудесна облеана со милон бои..не те свати никогаш дека не се бореше за самотија и свет во кој ќе водиш бесцелни битки без цел,и никогаш не седна до тебе да ја слушни тишината на духот кој со вапај ја бараше во вртлогот на распрснатото срце од смртникот..Беше откинат од ѕвездите тогаш,остана сам..не тагувај,Еоните на твоето идно постоење сега се раѓа,позади себе остави златен прав од твоите чекори..прегоре во оганот на човечката дволичност и неискреност,беше само бледа копија на изгубена мртва Љубов…погледај во далечините,,мирисот на влажните шуми ќе ги натопат твоите криља за да се вивнеш во Бескрајот

Мртов Бунтовник


И тогаш,среде окото во височините се разбуричка живата игривоста на минатите дни,оставаќи ги зад себе сите празни небесени беседи…ја чекав жената…прозирна и лелеава..да ги подаде рацете и да ги исполни сите шупливи глобочини…полека се појави и се разретчи..беше една вселена без ѕвезди..стоев…исправен за последен пат..не на земја…во некоја непозната зелена пустина што ме одвојуваше од земјата..
-зарем се враќаш на земскиот живот,на тој сув и суров миг на опстојување..
-на непознат јазик ми глаголеше црн монасу…,со ослободено сознание сум,рацете веќе ми се мртви..само ветрето на полноќ што дува може да ми ги воскресни и да ги оживее згрчените прсти..
-беседата на проколнатите веќе ја напиша…на никого веќе не му споменувај за она што го узна синоќа..
-поинакви и беа очите..на таа поделена душа надве..нурната втемница,без трепер од светлината е..
-ти болскаат зениците..и без жилички на животворноста во окото бараш тајни повторно да откриеш..со студена свртеност кон големото око е,ете ти една тајна откриена..
-зарем напати од толку трагање се вангелисував..претсказанието дрско ме расплинуваше низ скрб и јад..оживуваа во мене многу очи…рамнодушието или гневот не ветуваше никаква иднина..и сеедно глаголев тогај..ѕверски притаена под моите веѓи клечеше со студена насмевка..со повремени искри на нејзината итроштина и пресудни мигојављенија ме будеше низ сказанијата..тогаш без возбуда ја гледав како гола жена легната во трепелива магла..се спровираше истанчена врз туѓи клепки,зовриваше се топеше,мислев се бараат еден со друг..но се било поинаку..нејзината раскошна белина со татнеш го раѓаше громогласниот подбивен смев кон машкиот род..завиваше сетне како столетна старица кон месечината се додека не и прснеше утробата..од таму грозомори скокаа..гуштерици крастави,скакулци висеа на гранките..од нејзиниот семоќен страв мажите ги болеа и очите,кутрите се препокриваа со рацете за да не ја видат,телото им скапуваше за миг,исцедено и суво..во мешунките на нивните сништа им ги пушташе пипалата на јадот,и танцуваше со занес гола кога од небото ќе паднеа снопишта од молњи огнени..
-внимавај,челото ти е оросено со дробни ѕвезди…на оние осамени,напуштени,отфрлени,проколнати што ќе се ведат над ова твое писание,пакосно и сатанаилски ќе те плукаат,грешни и самите од својата осакатеност,ќе ти ги откриваат мислите и небаре се Небесни Вестители ќе те наречат во својата милост..Мртов Бунтовник..покорен пред сите…
-одбивам да слушам веќе било што…
-да се помолиме,и да срасниме со земјата,уже ќе се габосаме..дождовите ќе дојдат покасно..

Небитна Порака

Заедно ја победивме смрта,а ти се исплаши од вечноста…зарем сега кога повторно седиш под Јаболкницата и мамиш за смртен грев,не ти затреперува срцето за заветот што го дадовме кога младоста ртеше низ нашите вени…знаеш и самата…застанавме прво пред столбот на Вербата и со ширум отворени очи ги создадовме сите неродени дни…со скриен нежен кикот како река недогледна течеа низ ходниците на времето…знаеш нели…кога на Надешта со грлат глас и кажавме…ти си нашата најсјајна водилка која никогаш нема да не напушти…етеја и сега е залепена тука на моите испукани усти додека со последни сили одам во пустината….како мелем навечер се лепи и ја лекува болката која секојдневно се коти во мене..не ми остана уште многу..тоа го знаат и гавраните кои ме следат насекаде….пеат морничава песна…да те ослободам од моето присуство,од мојот компликуван карактер,од моите несоници,и мојата преголема Љубов која ете кај тебе премина во досада…навистина ќе те ослободам од мојата присутност,но дали Љубовта моја ќе те ослободи,прашаја само неа…ако те потсети на сите оние нежни допири што ги сторивме кога го допиравме нејзиното седефасто лице со нескротен занес,тогаш….тогаш ..во студените беживотни простори каде нема болка,каде секое постоење е бесцелно…тогаш и не си била Љубовта моја на сите времиња..тогаш повторно ќе се вратам во минатиот живот и некаде таму ќе ја барам грешката за сегашното постоење… Јас и понатаму ќе те сакам во многубројните животи,и повторно,но сам,како проколнат скитник ќе ја победувам смрта.ќе ја победувам така што ќе ги трампам сите сиви денови за едно сончево утро…ќе живеам за допирот на усните,а ако го пронајдам тој ден ќе го славам како светост голема…. Ќе завршам со небитна порака…ако ме стретниш во некоја твоја погрешна вечност,не ме допирај,зошто тоа е само моја бледа сенка украдена од некоја евтина жена на која сум и платил да ме сака макар еден миг…..