За Авторот


Никодин Чернодримски роден 1964 во Прилеп во тие величествени прегратки на Марковите Кули.
Уште како мал, кога го осознава вистинското постоење на животот,започнува да ја искажува својата восхит према градот кој му вдахнал живот,неуморно и деноноќно ги истражува сите Прилепски скриени и јавни катчиња на секојдневното живеење,но тоа истражување никогаш не го нарекол безделничење,зошто и не безделничел,напротив секој миг бил претходно испланиран,не ги броел деновите,но трпеливо и педантно ја нижел низата на животот во непрегледното Прилепско поле,горчините кои злато вределе вредно ги собирал и со ширум отворени очи сонувал за животот.И од најкривата прачка Никодин со својата палава дружина на другари умееле да направат највоинствени мечеви со кој ги оживувале Марковите Битки,палаво во свој стил тоа било дружина која оставила печат во постоењето на градот.Љубовта према пишаниот збор ја добива на велинченствената сцена на Народниот Театар-Војдан Чернодрински-каде десетина години учествува во бројни аматерски и професионални претстави,толкуваќи најразлични ликови,кои и ден денес кога осаменоста ќе му се доближи,тој ги вади од своите спомени ги оживува тие ликови,така правејќија осаменоста полна а не празна и убиствена.Растеќи покрај великаните во Прилепскиот Театар Трајче Иваноски,Најдо Тодески,Димитар Вандески,Кирил Жежоски,Евица Глиѓиќ,Благоја Спиркоски-Џумерко,и сите други и работеќи под режисерските палки на Илија МИлчин,Коле Ангелоски,Аце Јованоски,Блаже Рстески и други,гради ликови кој длабоко во него ќе му ја вградат желбата да и Никодин еден ден створи свои дела од кој ќе се гордеат сите,но и да створи дела кој ќе се играаат на сцената на Прилепскиот Театар. Паралелно со Театарот ги запознава сите планински убавини не само на Македонија,туку и во целукупниот простор на Југославија,како и на Балканските Држави,членуваќи во Планинарското Друштво-Златоврв-од Прилеп ,Никодин ја запознава убавината,силата,но и моќта на природата,што подоцна токму таа моќ кој ќе ја позајми од природата ќе му биде инспирација да ја опее во многу песни. Соновите и Стварноста се два контрадикторни светови,кои многупати не одат паралелно,така и Никодин соочуваќи се со безработицата која во тоа време веќе срамежливо започнува да тропа на вратите,го остава градот на својата Младост Прилеп и заминува за Скопје.Доаѓа во Скопје каде и се вработува,но вработувањето не значи дека засекогаш ја пресекол врската со Градот,напротив можеби физички не е веќе во градот но честопати со своите мисли го надлетува градот и го милува црпеќија сила од Маркови Карпи.Работеќи започнува да се адаптира на новата средина,отворен искрен и комуникативен веќе за кратко време стекнува нови пријатели со кој и ден денес контактира.

КАТАДНЕВНО ТРКАЛО


Звуци
Чудни и морничави
Страотни
Или мислите мислат дека се страотни
Шумови насекаде
Одникаде доаѓаат
Навлегуваат и тераат мислите да се плашат
Ликови избледени
Но доволно страотни
Обвиткани со темнината црна
Насекаде околу битие
Трепери
Немоќно да се одбрани
Вител во душа прават
Задоволно цереќи се криковите болни
Ечат и одекнуваат
Смрзнуваќи ја и таа малку крв што остана
Но ете моќана е уште да тече низ вените
Мислите
Повторно мислат дали ова сега
Е само некој чуден сон
Или беше стварност
Или е сеуште стварност

% Но сеедно
И двете наликуваат
Личат на кошмар
Затоа мисла сега чекор моли
Моли и преколнува да оди
Се движи
Нека не стои тука
Премногу е нестварен но морничав овој кошмар
Нека оди напред сега
Нека одат чекорите здужени како еден
Нека одат во долината
Што ете се распостила пред нив
Нека сега зберат сила да минат
Да поминат низ долината на неодлучноста
Сега ова веќе не е игра
Дилема е
Дали напред
Или назад
Каде да се оди
Лево планина
Десно планина
Напред планина
Позади кошмар
Нема никаде патоказ
Само тишина и мисли блокирани
Измешани
И тие во хаос
Но сепак некаде мора
Мора да се тргне и да се оди
Каде
Каде ли сега погледот лута збунето
Изборот е напред
Го води мисла една одлучна
Но друга неред и ствара
Дали е правилен избор
Трета вели планината на лево е помала
Но мислата одлучна вели напред
И мисла и чекор одат напред
Итаат
Грабаат
И полена на моменти но одлучно
Решително
Се качуваат по планината
Долината ја оставија
Зелените и пространи ливади се насекаде
Погледот лови брзи и ладни потоци
Но што е ова
Го нема волчјиот виеш
Го нема ревот на мечката
И тивката песна на славејот
Ги нема солзите на еленот
Ја нема лукавоста на лисицата
И тие се вовлекле во дувлата свои
Или можеби нешто ги натерало
Или
Да да и ним очајот ги обзел
Ги натерал само да чмаат катадневно
Се борат како битие едно
Сто сега во планинава оди
Со поглед исполнет празнина
Гледа лови мигови
Но дупка во душа етеја се шири
Храброст го напуштила
Нема победоносен лов
Мисла очајна сега го гони
Зарем и тука тоа сега ми се случува
Неможам да ги запрам солзите
Сами доаѓаат
Бликаат од око
Мислите една по една
Доаѓаат и зборуваат
Зборуваат претворени во зборови
Несреќно битие седни на каменот
Стоплиго и дајмуја топлината
А тоа за возврат ќе ти го даде студенилото
Погледај битие
И змијата несака да те касне
Очајот
Се всадил и кај неа
Та отров смртоносен во утроба чува
И себе сака да се уништи
Друга мисла на битие
Пак очај дава и дарува
Нема ништо тука убаво
А и да има за тебе не е наменето
Ти несреќно битие
Ечи сега гласот одникаде
Ечи со ехот
Прибериги и собериги мислите во една
Но силна и одлучна
Решителна и храбра
Која ќе ги натера повторно чекорите
Знаеш да те понесат понатаму
Погледај ајде погледај
Врвот или крајот на оваа планина е пред тебе
Само продолжи
Од другата страна се оди полесно
Голема е планинава
Многумина исто како тебе ја изодиле
Многумина исто како тебе тука седеле
Но многумина ја зеле мислата и продолжиле
Стани и оди
Небиди како некој кој остана
И станаа гробови незнајни
Зарем не ги слушаш гласовите нивни
Крикови се
Крикови полни со болка и очај
Лутаат викаат и плачат
И планинава ја прават очајна
Стани и збериги мислите

ТЕАТАР НА НАСИЛСТВОТО

Погледот го гледа и се ужаснува
Го гледа со ужас
О како ли не го виде кога влегуваше
Или блескавоста го заслепи
Или златото и среброто го замаја
Сега мисла болна пролетува
И чекорот го натера да забрза
Го натера да оди до реката
Барем крвта засушена да се симне
Жедта во грлото да се згасни
Капките вода од дланката
Кон грлот веќе итаат
И повторно
Повторно нешто се случува
Дали денот започна да се раѓа
Дали мракот заминува
Или и ова е некоја лажна светлост
Која само наликува на ден
Но сега тука
Има многумина кој истото го прават
Гледаат со поглед во денот
Или тоа што личи на ден
Пијат и се мијат
Сите еден во друг гледаат
Недовербата им блика од секоја пора
Вербата обострана ја нема никаде
Само фраза празна им е на устите
Јатото црни птици ја однесоа некаде далеку
Водиве
Вербата и довербата ја удавија
За себе ја приграбија
Само илузијата остана
Го мами погледот
Ја мами раката
Го врти чекорот во еден круг волшебен
Мислата тука и самата во себе се сомнева
Дали е исправна
Дали е вистинска
Или и таа е илузорна
Но сила некоја го крена чекорот
Го крена и го придвижи
Грам сила е тоа
Доволни за наредниот чекор
Кој грам сила повторно добива
Сила која и погледот го тера да гледа напред
Да миг нареден ги доведе до
МОСТОТ НА НАДЕЖТА
Која ја премостува оваа река
На Сомнежот
Не е цврст
Не е сигурен
Но е прооден
Како патека тесна е
На места и лизгав е
И чекорите не се сигурни
Можат да пропаднат во безбројните дупки
И можат да пропаднат во рекат
Која сега може да ги удави
Засекогаш на дното да ги повлече
Се ниша мисли битие ќе падни
Овој мал мост
А на моменти ветерот злокобен
Дува со сила адска
Се посилно и посилно
Сакаќи така своја злоба да нахрани
Тогаш сите мисли во хор викот направија
И викото на битие упатија
Продолжи продолжи
Веќе крајот на мостот се гледа
Само уште неколку чекори направи
И веќе си тука
Продолжи и не плашисе
Со секој твој нареден чекор
Ветерот е се послаб и понемоќен
Продолжи
Направиго последниот и решителен чекор
И веќе си тука
Веќе стигна
Пристигна и зачекори

НОЌ НА АПОКАЛИПСАТА

" Исчекуваа
Зошто нивните предци добро им кажаа
Раскажааb
И запишаа
НОЌТА КОГА ЌЕ СЕ ОТВОРАТ КАТАКОМБИТЕ НА ЗЕМЈАТА
Ќе биде
НОЌ НА АПОКАЛИПСАТА
Ќе биде најдолгата и најстрашната ноќ
Ноќ што никогаш дотогаш човек не ја видел
И ќе посака
Во таа ноќ
Никогаш повеќе родот човечки
Ни на сон да не ја види

Но евеги
Проклетниците
Ловците на зла коб
Кои уживаат во туѓата мака

Евеги
Излегоа од своите дувла
Хараат по празните улици
Бараќи ги одамна затворените катакомби
Затворени
Да никогаш повеќе
На површината земјина не излезе злото адско

Но ете понекогаш
Тие со крива мудрост
Ќе ја измамеа понекогаш земјата
Да направи пукнатина некоја
И ја изблуе
Сета жестина и гнасотија

Но вечерва и таа
Стрпеливо и смирено
Без да прави паника
Ги чека
Проклетниците
Кои панично ги бараат отворите на катакомбите

Времето полека одминува
Полноќ доаѓа
Месецот се искачува на сводот небесен
Се доближува до центарот
Но и лутината е се поголема
Бесот врие веќе
И така време врви
Се додека старица клета
Од мајка проколната
Од рода испадена
Што сал злоба во срце свила
Злоба од очи и тече
Од уста
Како од извор и блика
Зборој клети за сој човечки

-

Листа

  • Стихозбирки
  • Романи
  • Раскази!
  • Драми!
  • Поеми!

Делата на Чернодримски

  1. Никодин
    Чернодримски

    Стихозбирки

    ..Арнаутска Жетва-Астра-Балканска Рапсодија-Бездомност-Ден Без Виделина,Ноќ без месечина-Дневникот на еден сонувач-Изгубени Мигови-Јавето ако некогаш апстинира-Кај си бе другар-Како станав лита сенка-Крилати сни-Македонија и Сонцето-Мисловен Дневник-Мој Роде-Мозаик од мигови-Мртви сенки на мртва стража-На спилите им раскажувам-Носталгични ноќи-Од небиднина крај јавето дојдов-Огнени Виори-Ова не е мојот лик-Пагански Стихови-Пелин Вода-По патеките на Орфеј-Прилепско ехо-Шепотот на скриениот дамар-Скрбот како утеха-Трагач по илузии-Успони и падови-Во метежот на чуствата-Заборавени спомени-Мртов Бунтовник-Беседа за Темнината-Спомени собрани во ковчек.

  2. Никодин
    Чернодримски

    Збирки Раскази

    …Бразда-Неизвесни патеки-Номад во душата-Од сонот до јавето-Приказни од малиот сокак-Затворени кругови-Молскавични мигови…

  3. Никодин
    Чернодримски

    Романи
    ..Кара Севда-Затворија пандорината кутија-Кога животот ќе стане приказна-Парче Душа-Последна Молитва-Пред олтарот на љубовта-Првиот Ангел-Ти Благодарам Месечино-Злокобна Вистина…

  4. Никодин
    Чернодримски

    Драми

    …И сега Шо-Нова Кожа-Ало Диоген на линија…

    Поеми

    ..Ангелски Шепотења(напишана заедно со Даница Петревска-Дани и Славица Вељановска)-Балканска рапсодија-Браќа по мрак-Десете Балкански проклетства-Катадневно тркало-Монолог со паметникот-Ново Утро-Паганска Ода….