Останатите Раскази

И Темнината Плаче

Расказ за судир на Традицијата и Љубовта.

Проклето Невреме

Да се посака е Лесно,Да се добие е тешко,но кога ќе се добие која е цената

До Меѓа Аир,од Меѓа Беда

Колку навистина е моќна Клетвата.

Пријатни Мигови

Првиот Јавач на Апокалипсата

Седеше на каучот и ги гледаше вестите,сеуште топ тема беше пронаоѓањето на бункерот со оружје во падините на Скопска Црна Гора,ова беше веќе седми ден како се коментираше,се даваа разноразни теории за што би можело да служи толку големо количество на оружје,оние кои знаеа за што е ова оружје упорно преку медиумите праќаа наивни пораки дела нема никаква опасност по мирот кој е воспоставен и дека радикализмот е само една обична измислица на оние кои сакаат да владеат со страв,ги гледаше вестите Виктор и не можеше да се изначуди на сите будалаштини што ги слушаше,посебно оние кои се нарекуваа пацифисти,очигледно беше дека тие луѓе го промаршиле векот на живеење и со своите убедувања беа некаде во 23 век,и Виктор во изминативе 60 дена заедно со своите колеги доставуваше имформации до сите релевантни служби дека на теренот каде што ја извршуваат службата се носи и се складира големи количини на оружје,медицински матријали,ги посочуваа лицата и објектите,но од сето тоа како да немаше никаков ефект,или не ги сваќаа сериозни овие имформации или тие не одеа на вистинското место,т.с некој намерно ги затураше некаде каде никогаш повеќе нема да се видат од око човечко,или пак на некого му одеше во прилог оваа трговија,се секаваше Виктор кога еден постар колега кој работел на тој терен и добро ги познаваше приликите,му сугерираше својата бунтовност и ревност малку да ја смири му рече-Викторе млад си и твојата енергија употребија таму каде што треба,во девојките искористија младоста за живот,оставиги тие големи игри не се за ситни риби како што сме ние,оставиги и гледај да проживееш,еве сум слушнал дека неколку девојчиња од теренот како што си ти едноставно те посакуваат,само ти изгледа си заслепен од успехот кој го постигнуваш на терен,па овие работи не можеш да ги видиш,оставиги има време за кариера,па на крај краеви ти си на самиот почеток од таа кариера,ова ти го кажувам како родител и како колега несакам да ме разбереш дека имам некои скриени намери,туку добронамерно.-но и колку да сакаше Виктор и неговите колеги да ги затвораат очите едноставно не може настаните се одвиваа пред нивните очи,посебно беше интересно што последните деетина дена во селото забележаа присуство на странци ќе се задржеа 2-3 дена и ќе ги снемаше,дури во вечерните часови беа забележани и возила со дипломатски таблички,.Сето ова го гледаа и го ставаа на хартија но по се изгледа беше се залудно.
Додека ги гледаше вестите неговата мајка Илина ја пеглаше кошулата,сакаше нејзиниот син да блеска кога ќе ја облече униформата,беше навистина горда кога го гледаше чист испеглан избричен,вистински маж,ќе застанеше рамо до рамо со нејзиниот брат,ги гледаше и незнаеше кој е кој поубав и построен,и двајцата ја носеа истата униформа,ја пеглаше кошулата и со мислите некаде отие,првиот пат кога и падна пеглата не обрна внимание,но кога вториот пат падна а ја намести убаво,како некој да ја турна од штицата за пеглање,малку се подисплаши,ја крена брзо од тепихот ја намести и во себе си помисли-нека е на арно ова-ја испегла кошулата ја обеси на столот и отиде во ходникот да ги исчетка панталоните и даа ги премачка кондурите,ги закачи панталоните на закачалка и ја бараше бојата за кондури но никако не можеше да ја најде,како во земја да пропадна,а секогаш стоеше на своето мето,ја бараше во ходникот но безуспешно,кога не успеа,ги зачетка така кондурите и беа чисти,и ги остави на местото каде стое постојано.ги заврши овие работи и се врати во собата седна на фотељата и погледна во часовникот,покажуваше 18 часот,одеднаш снема струја,но снема само кај нив,отспротива кај соседите имаше,другпат кога ќе снемаше струја немаше никаде,Виктор сакаше да стане и да види каде е проблемот,кога низ собата дувна некој ладен ветар,чудно беше што прозорите беа затворени,но студенило помина низ собата,кога дојде струјата Виктор седеше на каучот целиот блед,кога го виде Мајкаму навистина се исплаши.
-Викторе,викторе добар ли си.
-Добар сум мајко добар сум,само нешто ладно како да ми помина околу срцево,некое студенило како да го преплави целото мое тело,но сега сум добар.-се насме и продолжи да гледа,но погледот што го улови неговата малка малку и ја вознемири,забележа некој страв,страв кај Виктора забележа,тој кој незнаеше за зборот страв и кој навистина го презираше,сега мајкаму го забелеша тоа во неговите очи,и колку вешто да го криеше и да го покриваше,сепак го виде на момент но тоа и беше доволно за немирот.
-Виктор мајка ако не се чуствуваш добро,да се јавам кај тебе на работа и да им кажам дека нема да одиш вечерва на работа.
-Неееее-викна Виктор-како ќе се јавиш,па нели гледаш дека сум добар,и плус тоа вечерва морам да одам,го зборуваше ова и руменилото на лицето започна да му се враќа,
Времето изминуваше споро и за Виктор и за мајкаму,кога веќе наближа 21 часот се облече рутински,застана во ходникот и ја чекаше мајкаси,тоа беше мал домашен ритуал,пред да излези и тој и сестраму мајкаму мораше да ги прегрни и да ги испрати на прагот,затоа и сега ја чекаше стрпливо,но еден мал бран на нервоза му дојде зошто мајкаму знаеше дека е на работа но ја немаше затоа подвикна.
-Мајко јас отидов на работа.-на ова за миг се створи илина во ходникот,го прегна толку силно Виктор што мораше благо да ја отурни од себе.
-Ама што ти е тебе,ме прегнуваш и стискаш како никогаш повеќе не ќе ме видиш-на овие зборови Илин навистина се вознемири
-Викторе тоа со го рекол сега и никогаш повеќе-го рече ова луто и започна да го гали по лицето така нежно што Виктор и колку да го сакаше мајкините нежности времето не му даваше сега да и дозволи да продолжи.
-Добро де не се лути ти веднаш јас само така се насмеав.
-Не се тоа работи со кој треба за се шегуваме.
-Добро добро еве извини-сега тој ја прегрна и ја отвори вратата заминуваќи на работа,стоеше Улина на прагот и се додека нејзините очи го гледаа синот не се помрдна ,кога сакаше да се врати во собата некоја силна болка ја стегна околу срцето,почуствува како еден дел од тоа срце да се откина,како да се откина големо парче,се фаѕи за градите и со тешка мака стигна до каучот.седна но немирот кој со секој миг беше се поголем и поголем не и даваше да седи,стана и започна да шета нервозно низ собата,тогаш отиде до куќниот иконостас,и покрај тоа што небеше време за палење на кандило сепак Илина ги занемари сите постоечки правила,зошто знаеше дека тие правила ги измислиле луѓе,никаде Илина не прочита дека кандило не се пали навечер,го запали и ги вкрсти рацете една преку друга,застана пред иконата на Богородица и гледаќија право во очи започна да се моли на глас.
-Мајко Богородице,те молам како мајка бидеќи и ти си мајка,те молам чувајго моето чедо,чувајго и пазиго исто како што ти го чуваш твоето,Виктор е мое чедо но сега е во твоите раце,пратиму ангел чувар нека го чува на патот каде што,чувајго.-се прекрсти трипати и папсана од уморот кој ја обзема седна,часовникот покажуваше 23 часот.ја навали главата на перницата и веќе заплови во светот на сништата.
Виктор ,Младен,Максут и Илија ги зедоа сите потребни работи од станицата,ги ставија во возилот и беше време да тргнат на извршување на вечерашнава дадена задача,Виктор седеше напред Младен беше возачот,додека Илија и Максут беа позади.Го стави Младен клучот во бравата на возилот и започна да го стартува,возилот беше релативно нови,но сега ете и после неколку стартување не сакаше да запали..................продолжува
Расказот-Првиот Јавач на Апокалипсата- е посветен на мистериозно погинатите полицајци
КИРИЛ ПЕТРУШЕСКИ
ЕРОЛ ГОТАК
АЦО АНГЕЛОВСКИ
Кои на 11.02.2000 год ги положија своите бесценети животи кај селото Арачиново

Прстот на судбината

Денот полека со секоја минута откако утрото го поздрави и ја најави белината и ја презеде убавината од темнината се наголемуваше,како денот грабеше према пладнето,така и црниот џип со четворицата патници грабеше метар по метар од жешкиот асфалт,километрите се зголемуваа но со секој километар молчеливоста кај патниците се зголемуваше,Ахил возачот на џипо млад стасит младич на свои 28 години,кој важеше за доста успешен бизнисмен во бизнис круговите,сега за кратко го остави тој свет и тргна заедно со своите тројца познаници во авантурата која ќе му го промени животот од корен,но не само него туку и на останатите троица сопатници.Митко совозачот исто така млад човек на свои 34 години,кој со Ахил се познаваа од соработката на своите фирми,но денешново патување во изминатите месеци ја продлабочи нивната близина,денеска Митко повеќе молчеше отколку што зборуваше,не беше Митко по молчењето,напротив отсекогаш го нервирале а по малку и го плашеле молчеливи и тајанствени личности,но денес навистина имаше преголем мотив да молчи и денес токму тој да биде таинствен,товарот што го носеше на своите плеќи беше претежок,но кога ќе се погледнеа околностите едноставно мораше да издржи и да се надева на поволен крај.На задното седиште од џипот седеа Владимир и Анета дечко и девојка во повеќе годишна врска,планираа во текот на есента својата врска да ја крунисаат со брак,идејава за денешново патување им дојде како кец на десетка,токму со денешниот ден се надеваа дека ќе си ја осигураат својата иднина,која и не им беше баш розева,со завршени факултети,двајцата невработени,работеа одвреме навреме за мизерни плати,на работни места кои и немаа никаква врска со нивната професија,но мораа да работат зошто едноставно им беше премногу мизерно да бараат пари за основните работи од нивните родители кои сега беа стечајци,доволно беше за нив што родителите им се жртвуваа и ги школуваа до факултет,така и кај Владимир и кај Анета сјајот на очите им беше премногу блескав.
Преголемата градска врева сега веќе беше километри километри позади нив,полека започна да се чуствува свежиот планински мирис,што беше знак дека се наближуваат према целта,не поминаа ни два километри и џипот се исклучи од главниот пат и продолжи сега по селски неасфалтиран пат,дупките кој како се доближуваа до селото така стануваа се поголеми и поголеми,а со тоа и комфорноста во џипот беше се помала,и колку да ги одбегнуваше Ахил едноставно не можеше,ако една ја одбегнеше другата неминовно ќе ја погодеше,но и колку да беше лош патот сепак тоа небеше некој голем напор за возилото,сепак тоа беше теренско возило кое беше направено токми за вакви терени.
Големиот овчарски пес им посака добредојде во селото,гостите беа реткос во овие краеви па после неколку силни лавежи весело започна да трча по возилот,кога го виде Митко песот навистина се израдува,се израдува зошто тоа беше песот на неговиот дедо кој откако умре го даде на чување во друго семејство,и покрај староста сепак Караман не беше изгубил од својата големина и убавина,застана џипот пред селската продавница,ако можеше да се нарече продавница,која беше повеќе празна отколку полна,ретките артикле беа раштркани на полиците за да не бидат празни и со тоа да ја прикажат целата бедотија,но сепак тоа што им требаше го имаше тука.Ахил застана и со брзи чекори се упати према продавницата,Митко изрипа од џипот клекна и силно викна.
-Карамане лепотане мој,дојди дојди кај батко митко.-гласот песот веднаш го препозна,силно заграби да трча и во лет се фрли на Митко,некој да го гледаше од страна ќе помислеше дека песот напаѓа и дека човекот ќе го раскине,од силината на ударот Митко се испружи на земја,а караман беше со својата црна голема глава токлу врз лицето,започна весело и брзо со својот јасик да го лижи ,Митко не се противеше напротив го остави,а кога Караман ја искажа својата блискост кон Митко,покорно се повлече и седна на задните нозе,гордо исправаќија својата става,кратки лавежи беа знак дека е пресреќен што Митко е тука,кога Ахил излезе од продавница,Караман,заржа но Митко оштро го прекина.
-Караман,седи.
Седна карамман,но према погледот што го упати према Ахил,му кажа дека нема доверба во него и дека будно ќе го следи секој негов чекор.
-МИтко сигурно ли е кучево-малку со страв го праша Ахил,бидеќи и покрај својата старот караман не ја имаше изгубено силата и брзината,
-Немај гајле Ахиле,се додека сум јас тука Караман нема ни да те допре,и да не сум во близина,го чуствува моето присуство така да сигирен си сто посто.
-Добро ако ти велиш така,тогаш морам едноставно да ти верувам на збор-влезе во џипот и продолжија кон крајната цел.
Сега патувањето беше кратко,стигнаа и Митко повторно излезе од возилото,ја отвори старата дрвена порта,која беше направена којзнае кога,но дека е квалитетно направена зборуваше нејзината сврстина и исправеност,резињата фунционираа перфектно,по којзнае кој пат Митко ја отвори и застана покрај едното крило пропуштаќи покрај него да влезе џипот,откако џипот се паркира под големиот и простран орев Митко ја затвори портата.не беше голем љубител на љубопитни погледи,а дека ни било кој од неговата фамилија не се љубители туѓи погледи кажуваа високите камени ѕидови кој беа ѕидани можеби пред двеста години,широк рамен и простран двор со сите селски придружни објекти,но објектите беа во одлична форма,не беа како кај некои во распаѓање,ги гледаше Митко објектите и срцето радосно му чукаше,сето ова беше негово,наследено од неговиот дедо кој му остави аманет да го чува како очите во главата,на средина од дворот беше сместена куќата,стара двоспратна со големи и прекрасни чардаци,единствено само таа беше малтарена и варосана во селото бела како снег,поповата куќа,така ја викаа и така ја знаеа не само во нивното село туку и во други те села,Анета и Владимир излегоја од џипот а Караман се најде веднаш до нив,Анета која беше голем љубител на животни не почуствува никаков страв напротив клекна и го прегрна Караман,чуствуваќија нејзината близина,Караман започна да ја врти својата глава и да се гали со Анета,го бушавеше и го галеше по густото црно крзо,ја гледаше Митко оваа глетка и прокоментира.
-Е море стар лисец е овој Караман,Владимир не плашисе од него подајмуја твојата десна рака и оставиго нека ти ја излижи,так најдобро ќе се запознаете а тој со тоа ќе ти кажи дека не си му непријател.-Владимир направи како што му кажа Митко,малку колебливо ја пружи својата десна рака кон Караман,а тој започна да ја лиже,кога заврши ја повтори истата постапка како пред продавницата.седна пред Владимир и залаја три пати,со тоа му кажа,сега сме пријатели и не се плаши од мене.ова му даде слобода на Владимир слободно и без страв да се движи насекаде низ дворот,Ахил започна да ги вади работите од џипот,Караман се одалечи од нив легна под стеата на шталата и со поглед ги следеше сите движења на Ахил.но ахил ја знаеше филозофијата на Шарпланинците,кога е присутен сопственикот,или поточно кажано неговиот вистински господар,тогаш навистина не постои можност кучето некого да нападне,затоа Ахил слободно се движеше.
Се сместија во куќата ,свежиоти оштар воздух на сите им дојде како големо освежување,сега ја немаа на себе онаа градска бледа боја,туку напротив од воздухот започнаа да добиваат црвена боја на образите.Пладнето полека наближуваше првото ладно пиво веќе беше испиено,ги ладеа во кофи во длабокиот бунар,додека Владимир го пиеше пивото прокометира.
-Митко значи вистина било,фрижидерот не може на пивото да му ја даде оваа свежина,поубаво пиво во животот не сум пиел.
-Владимир ,колку пати сум ти кажувал дека најубавите и најдобрите пива сум ги пиел токму во овој двор,ладени во бунаров...........продолжува