• Главна
  • Поезиа
  • Проза
  • Драми

ZALUDNA BOLKA

Zastana I samiot neznaeјкi zosto toa go napravi,no vejke se izmori od postojanoto brzawe,sakase na site strani , site raboti da gi zavrsi denes,i koga so mrakot јкe si kazese dobraveser gledase deka voopsto ne gi zavrsil site raboti,a potoa kako po nekoj obisaj nemase nikoj okolu nego so kogo bi se skaral,so koj bi si razmenil ostri zborovi,ostri pogledi,seto okolu nego bese samo tisina,mrak,i edna golema praznina praznina koja postojano go terase da luta,i sesto pati ja slusase prazninata kako mu veli ,odi odi vo mrakot ,ke go napravam za tebe posvetol,odi.No sega zastana zosto koga pogledna vide edno golemo nisto,vide edna prazna temnina,kade nemase nisto,go nemase veјкe ni likot koj go barase podolgo vreme,go nemase a osajniski go barase,no I samiot bese premnogu surov koga go otfrli,go imase no nesakase povejke da slusa zalopojki kako sto kaza, I sega so temninata I prazninata se samokaznuvase,lutase no ne kolnese ili kukase,samo lutase I sakase sto poveke da se izmori ,sakase barem kaj sonot da otide sto pobrgu,no I tamu vo posledno vreme samo eden son go masese,son koj sestopati mu lisese na kosmar,sonot na poslednata razdelba,koga ete taka premnogu lesno kaza zbogum

Вампирот Смугре

Морничавото завивање на куциот волк самотник не навестуваше дека утрово ќе се слушнат веселите прапорци на муграта.Ордата ,дива и непокoрена горска сила која номад беше нескротлив од поодамна го отфрли овој сега самотник,со својата тромост каде и да одеа ги успоруваше,посебно кога одеа кон некој пир. Сега кутриот самотникот само штракаше со вилиците и бараше со денови нечија мрша,како би го совладал постојаниот глад,но кога ќе најдеше некоја полуизедена мрша,тогаш,прво ќе започнеше весело да потскокнува околу неа,правеше некој свој измислен самотен волчешки ритуал,потоа ќе ги ококореше очите како да видел богата кралска трпеза понудена пред него,низ истрошените очњаци ќе се провлечеа танки конци на белузлава лига,неколку пати ќе штракнеше со вилиците,велеќи и така на мршата, ете сега си жртва а јас ловец,и самозадоволно легнуваше покрај неа,спокојно испружуваќија литата снага на земјата,не се знаеше тогаш кој е мрша а кој е лита кожа распната на ронливи коски,лежеше се додека низ утробата не му профучеше танкиот продорен глас на гладот,од силата на гласот ќе му се растресеа цревата и ќе ја засфиреа симфонијата на гладниот очај.

Брзо брзо загризуваше и со уште недоџвакани парчиња месо ја запираше оваа неподнослива музика,небеше ова некој голем подвиг,или некој раскошен пир,но ете сега со виежот и тој откако ќе се најадешеги известуваше своите од ордатра дека имал и тој жртва па макар таа била и мртвано како јадеше мрши така како смрта да си ја лепеше кутриот насебе,кога ќе устеше дека таа со суденилото е околу него ќе завиеше некако морничаво,со виењето го бркаше стравот од себе,стравот кој на својата ладна антерија го носеше ликот на смрта,на другите кога ќе се појавеше од некој крај на шумата и вака куц и лит,смрта им ја претскажуваше,а тој кутриот од неа панично бегаше,во бегањето невиде дека стана зловестило.

Заборавен Грев

Тешко беше да се каже со која брзина истекуваше реката на животот,дали со брзина на планински поток,или беше една дива е брза река која честопати знаеше и да рика со глас на суводолица,така беа и овие иминати години на Коста,само некој скриен спомен,спомен на кој не сакаше да се сеќава на денот кога пред 25 години го напушти малото и правливо гратче со еден куфер во раката,го држеше куферот во раката стоеше осамен на перонот чекаќу го единствениот воз кој поминуваше за 24 часа да замине,да замине во својот сон кој го сонуваше во малат и скромна соба додека лежеше на железниот кревет и со отворени очи го разоткриваше кровот на куќата бараќиго бескрајното пространство каде што се криеше неговиот копнеж,да замине и да успее во животот,да слушнат но и да видат кој е Коста,така и тоа утро кога ја виде својата водилка како блескаво стои на интринското руменило,и како си својот мистичен сјај блеска,знаеше дека е дојден денот,денот кога тркалото на својот живот ќе го врти многу побрзо но и многу посурово,суровоста Коста ја научи од болците,кои секојдневно ги слушаше како со скриен здув честопати минуваат на крајот од малиот град,и кога ќе наближеше полноќта,тогаш стрвнички збивтаа чекаќи на пленот,мракот им беше нивниот закрилник но и нивнтото неприкосновено царство,со сласт јпрво ја набљудуваа жртвата даваќи и надеж на лажна сигорнуст,и кога најмалку очекуваше тогаш со молскавична брзина се втурнуваа во ловот кој значеше сигурна смрт за неа,откако ќе ги забие очњаците во вратот на жртвата со виежот на месечината и кажуваа дека повторно се победници во оваа битка,така и коста м,ногупати во денпот ќе седнеше на една висока карпа од каде што ја имаше скоро цела околина на дланка,гледаќи ги ордите како крстосуваат спокојно низ жумата,ги гледаше и учеше,волчјата тактика започна да ја применува скоро секаде,и кога ќе ја применеше успехот беше загарантиран.

Започна макотрпно да се искачува на стрмните и лизгави животни скалила,честопати во тие непредвидливи успони но и падови,незнаше кога е ден а кога е ноќ,снаеше дека времето тече,не запира,но и меле безмилосно,секој миг што ќе го застанеше и ќе го потрошеше залудно беше само бесцелно изгубен миг,одеше но и не се жалеше на никого,не сакаше тие мали и ситни души со кој беше опкружен да ги храни избилно,туку ќе стиснеше заби ќе ја кренеше главата и во поразот кога го имаше бараше добра страна..

Веб Студио Вавилон Никодин Чернодримски