ОРДАНИЦА


Ордеееееееееееее,ордееееееееее-јачеше улицата од гласот на орданица-ордее кај се пикна сега да не се пикнеш-викаше на портата,но никако да се заврти позади себеси,Орде голем и трапав природно дебел,човек со голема глава,широки очи,,густи и големи веѓи кој на лицето му даваа сериозност а посебно кога орде ќе ги собереше тогаш и беше страшен за гледање,,широки напрчени усти,бузите од дебелината започнуваа веќе и да модреат,небаре бил изложен на студ три недели,брадата понапред излезена,некојпат комшиите за брадата на орде викаа дека како дете волови му ја влечеле,ама орде не се литеше кога че ги слушнеше тие муабети,само че се изнасмееше слатко со својот рапав глас,че ги развлечеше бузите од уво до уво и тогаш можеше да се види цела негова ведрина,трупот му беше мал,но со изразито голем стомак,мали и дебели нозе,па затоа многупати кога го гледаа комшиите не знаеа дали орде оди или се тркала,,но покрај неговата трапавост орде имаше меко и добро срце,никој досега од него не слушнал лош збор,за секого имаше добро мислење,дека зборовите му се искрени кажуваше неговата насмевка,а кога громогласно ќе се насмееше со своите бузи ете тогаш орде беше наискрен,со тоа ја докажуваше веродостојнаста на неговите зборови,орде како орде во многу различен од другите но и во многу сличен на другите,самооо орде имаше една страшна мана,мана која орданица честопати ја вадеше од такт,но и колку да се нервираше сепак не можеше да го натера таа мана да си ја отклонио,орде можеше да оди со недели небричен,со недели да биде неискапен,нејсе сето тоа го поднесуваше орданица ама кога орде че почнеше да го чепка паукот,е тогаш на орданица од кожа и се излегуваше,чиниш че седнеше орде на столчето во дворот,че си ја поткренеше маицата и со десниот показалец че започнеше да си го чисти темелно својот папук,го чистеше и при тоа ја отстрануваше најмалата прашинка,кога че го видеше орданица че му свикаше.токму и заради паукот уште од мал го завикаа така со тој прекар,Орде папукот.
Орданица беше селска прпроста жена,припроста ама напати знаеже богами и да изненади со своите умни зборови,работеше така орданица од собајле до вечер во дворот и по куќи,неоти имаше многу за работа ама пусто останала навика,ете врти заврти шо се вика гс место им беше дворот,че запафташе со тоа метлата посебно кога че ја видеше петрејца во дворот посилно и че кренеше прашина дур до облаци,а пак на петрејца па и не и требаше многу да се развика.
-Аман мори орданице,со тоа твојте облаци ме ослепе,ме угуши мори еј улава,од тебе некоја офтика че фатам,орданице че се испружам некој ден да знајш а ти на душа че ме носиш,орданицееее да не оглуви мори ме слушаш ли.
Орданица кога че викаше петрејца не и враќаже,знаеше дека ако и врати крај че нема,затоа си пафташе со метлаша,скришум ја погледнуваше петрејца како зеленеи,а од руга страна и намерно не тураше вода кога че метеше во дворот,сакаше да ја изнервира петрејца и навистина секогаш успеваше во тоа,не и одговори и денес,туку демонстративно и го заврти грбот и ги зеде старите работи да ги префрла на другиот крај од дворот,незнаеше и самата колкупати овие работи ги имаше префрлано ама не и беше тешко,со вретењето на грбот како да и прати порака.
-крекај крекај колку сакаш.твоите зборови не ги ставам ни на задникот,-однесувањето на орданица уште толку ја вадеше од такт петрејца,се потпре на тарабите и и довикна на спасејца која беше карши нејзе,
-Ја гледаш,ја гледаш спасејце шо ми прај,ме отру,ме пеплоса,фиран ме напрај и мене и алиштана собајле шо ги прострев,ааа море да имав некој камен сега при рака главата че и ја дупнев.
Спасејца потпрена на тарабата само се смешкаше и сеир си гледаше,не и враќаше на муабетот на петрејца,а и не сакаше да почнува муабет,не беше расположена за кавга денес спасејца а ова уште повеќе ја разбесни петрејца,
-ААА а ти така а само ќутиш и сеир си гледаш,море гледам дека вие двете сте се здужиле против мене,знам јас знам,немора никој да ми кажува,со викање влезе петрејца дома,оти виде дека денес нема ништо од нејзиното викање.
Орданица откако заврши со денешното префлање на работите,го зеде стариот триножник,седна и зеде да ги лупи компирите припремаќиго така денешниот скромен ручек,во меѓувреме дојде и орде.
-Кај беше бе нездрав еден,грлото го откинав од викање-го погледна под око-море орде ти пак сакаш да ме нервираш а,па нели ти е жал малку за мене бре суртук еден.
Не се затресе многу прде од прекорот на женаму,лежерно седна на плетената столица,полока полека почна да ја фаќа најудобната позиција,откако го направи тоа,ги развеле бузите во една слатка насмевка и со својот дебел и рапав глас и проговори на женаму.
-Те слушам те слушав мори благо,немој да мислиш дека не те слушав,ама пуста работа ме навјаса,не можев да го остаам редот недокопан во бавчата,знаеш мори благо доматите и пиперките мора да се скопаат на време ако сакаш да ни родат-неоти беше некоја голема бавча туку сите куќи позади имаа мали градини на кој садеа разноразен емиш.
-бре бре бре што род че роди бавчата наша орде-сега удри на мајтап орданица-безбели че мораме ко че роди да го викниме мемиша малот да ни ги носи пиперките и доматите на пазар-го кажа ова и удри на смеа,се насмеаа двајцата слатко,ама кога го виде орде и прекипна смеата-
Ордееее извајго прстот од паукот оти да знајш како сум песосана сега че станам и со ова ножов-вртеќи со него во воздухот-че ти го пресечам прстот така да знајш.
Орде само ја заврти главата ама прстот не го вадеше од паукот.
-ааа че ми го пресечеш како да не-сега зеде да се правда-па полн е мори благо со секакви ѓубришта,којзнае која бубачка влегла и ако снесла јајца леле леле тешко мене,морам морам благо да си го исчистам-не го вадеше туку вртеше со тоа прстот ту лево ту десно,на секое вртење на лицето ќе развечеше насмевка-а ако ми го пресечиш прстот па че ми останат уште девет други-пак слатко се насмеа ама сега погромогласно што и преку три дворој го слушаа.
-Море сите че ти ги исечам шлакнат еден,сите еден по еден.
-море не ми ги сечиш ти те знам јас тебе,а на крај краеви ако ми ги исечиш благо ете тогаш ти че треба да ми го чистиш папукот и тоа секој ден.-и повторнозеде да се смее.
Орданица виде дека не можи да излезе на крај со орде па си продолжи со лупењето.
-Орде-подвикна.
-Шо-кратко ама отсечно и возврати.
-дојди поблиску да не се дерам како улава-ја помести орде столицата скоро до неа,додека разговараа орде и блага петрејца сетики чиниш влези излези вкуќи праеше,ќе стои стои на сред двор па еветија пак ти влегла во одаите,сетуку ќе се подзавртеше накај орде и орданица ѓоамити да потслушни што зборуваат,ама орданица ја прочита и туку тивко му зборуваше на ордета,е ќе пукнеше од мака петрејца што ете не можи да разбере што е тоа што го зборуваат,а орданица му зборува на ордета и туку потврли еден поглед накај петрејца,да види безбели дали уште е во дворот,е виде петрејца дека не ќе можи вака да разбере па проба со друго лукавство,влезе дома зеде една винска чаша и еветија бргу бргу во дворот на орданица,одеше полека што се вели на прсти со надеж дека ете ќе се дожлижи па ќе улуви некој збор и така колку толку ќе знаеше што е толку тајно што овие двајца се шушукааат,и орданица не беше за фрлање,и нејзе и беше изоштрен слухот па само нога на петрејца што зназна во дворот орданица срипа од столчето и застана пред петрејца дрско гледаќија право во очи.
-ооо кое добро те нанесе петрејце кај нас.
Затекната петрејца во првиот миг се збуни,но брзо се снајде.

  • Другите раскази.
  • Стеваница
  • Крстејца.
  • Кирејца.
  • Блага Пувлата.

Петрејца

Пецо Шалајко беше обичен човек,обичен како и сите други обични луѓе,немаше пецо звучна титула,немаше некое одредено занимање,некои кои го познаваа или само површно го познаваа мислеа дека е прост,неук,необразован,за необразован си беше необразован и тоа сам си го признаваше,но пецо шалако беше отракан човек,отракан уште од мајка роден,и себеси си се сметаше за ачик човек а и беше ачик,по неговото однесување неговите соседи го рачунаа за најпаметен во сокакот,и затоа секогаш кога нешто ќе запнеше ететиги кај пецо шалако,а и сокакот не беше којзнае колку голем и тој беше мал и едноставен,исто како и неговите жители,се на се 12 куќи,ако можеше тој збор да се употреби куќи,ама повеќе им прилегаше шупи,стари и мали неуредни со плитар правени,овде онде ѕидовите испукани и напати кога децата ќе ги залепеа носевите и очите можеа да ѕиркаат до мила воља во собите,е само шалајко имаше три соби и тоа на спрат а долниот дел од куќата беше на визби,затоа шалајко го рачунаа не само за најпаметен туку и за најзафатен,ама,ама петрејца беше посебна приказна,чиста спротивност од кроткоста на петре,не можеше ни дење ни ноќе ни петре ни било кој да и го фати тертифот,насабајле ведар,навечер темна,така беше деес а утре обратно насабајле темна навечер ведра,петре и го знаеше тертифот и не и фаќаше за кусур,од викотниците и клетвите што ги фрлаше катаден врз петрета,тој само ќе се насмевнеше и ќе и вратеше„џабе џабе ти се клетвите,не ме фаќаат мору улава една,нетуку ги расфрлај бадијала,уште колку пати треба д ти кажам дека сум роден на мртва сабота па затоа не ме фаќаат не само твоите туку и сите други клетви,тиквоооо зелена“и така си јаујдисуваа петрејца ке црекаше петре само ќе и вратеше и ќе си ја фатеше сенката на дудинката и како песна приспивна му доаѓаа клетвите на петрејца,ќе си заспиеше слатко,и во другите дворови не беше поарно,викотниците беа редовна забава на жените,мажите носеа по некој динар дома ќе им го оставеа на жените и ќе си се собереа на малата ледина која беше пред сокакот и го затвораа денот со шах карти домина и што уште не,така секоја ден еден по еден се пресликуваа деновите,жителите си го врвеа животецот,навистина жените им пеа пис и кавгаџики ама мажите како да потпишаа пакт помегу себе и никој со никого не се карашепа така кога ќе излезеше некој проблем,тука им беше шалако кој имаше решение за секој пробле,секогаш им велеше,„
-луѓе бре секој проблем има две решенија,добро или лошо,од тебе зависи кое ќе го одбереш,ако го одбереш лошото сркајси ја попарат што сам си ја надробил,ако го одбереш доброто тогаш терајсиго лезетот.
Кога требаше да се потера некоја работа низ градот повторно тука беше шалако,имаше петре пријатели насекаде,или можеби само знаеше да го погоди вистинскиот момент кога ќе го каже вистинскиот збор,ама главно ќе ги протуркаше работите на мала врата,оваа идила треше се додека едно собајле петрејца не ја вркна срцето,се спрпелка во дворот додека го метеше и се расправаше преку три огради со стеванојца,прво застана и замолче,и сетванојца помиисли дека ете денес ќе замоли и ќе и попушти во кавгата,ама петрејца некако почна чудно да ја гледа,ги ококори очите,мислиш ќе и прснат,стеванојца збесна од ова и се даде во вик
-Шо е мори шо мислиш дека ако ми се џвргалиш ќе ме исплашиш,а a мори па јас сум ти видела оџвргален вампир па не сум си ти се исплашиле па од твојте очи,еee мори петрејце петрејце,-ја гледаше така стеванојца и ни да и пријди а петрејца кутрата толку ги оџвгали очите шо се вели до прскање но и тоа не ја убеди ставанојца,како што ја дал господ оваа помисли дека петрејца сега ти фатила нов вид на мајтап па се заврти кон останатиот дел на сокакок и зеде да вика
-сестри златни сестри златни елајте елајте да ја видите петрејца шо ни смислила денеска елајте елајте.
Дотрчаа жените во дворот и се собраа сите во груг околу петрејца,а таа кутрата само ги гледаше со очите клоцаше со нозете и поплавиваше,поплавуваше во ликата небаре некој ја потурил со мастило,усните ги стегаше од болка а сакаше нешто да викни,ги стегаше и од стегањето и напукнаа на неколку места,ја гледаа сите се додека Блажејца не се освети и туку фати да вика по другите
-Шо туку стојте тука мори магарици едни зар не гледате дека петрејца ја вркна срцето.
Од викањето на Блажејца сите жени како да се освестија,ја загледаа подобро петрејца и тогаш дури сватија дека петрејца пушта душа,ја фатија сите кој кај стигна,која за скутаре,која за ракав која за нога и ја внесоја во одајата,ја спуштија полека на креветот и како толку да беше,се затресе за последен пат петрејца и ја прости господ,ги затвори очите а жените спиштеја на цел глас во хор,спиштеја и од туку секоја си зеде да реди песни тажалки,редеја жените ама не ја редеја петрејца туку повторно си ги кажуваа маките и си прајкаа поздрави до нивните најмили кој сега беа таму каде што отиде петрејца,ја редеја со тажалки и не го гледаа времето.
Петре ги заврши сите работи во град,но како идеше се погласно и погласно до неговото уво стигнуваа тажалките,го забрза чекорот и кога дојде до портата,здивот му се зеде,нозете му се пресекоја,видот му се помати,стоеше некое време како камен пред портата и немаше сила во себе да влези дома,во сопствениот дом,со тешки чекори го пречекори прагот и ја виде петрејца испружена на креветот,ја виде својата севда и од болка не можеше да изусти ни збор,како влезе петре така тажалките за миг запреа,одеше полека петре кон петрејца одеше а пред неговите очи како на трака одеа деновите со петрејца,клекна целосно скршен на подот и колку машки да ги држеше созите тие потекоа,потекоа,во една река незапирлива,се навали над петрејца и само зеде да ја гали,де по ликот,де по косата,де по ликот де по косата,ја галеше и отпосле ќе ја гушнеше,си ја сакаше петре петрејца и покрај нејзиниот лош табиет,си ја сакаше зошто тие не се зедоја со стројници туку од љубов,и токму нивната забранета љубов беше што двајцата избегаа во град,таткому на петре чорбаџија прв ама душанови од каде што беше петрејце а сите ја знае како петрејца правото име и беше Калина беше прва по личота,но соромашка,сиромашка дотука бидува,на петре тоа воопшто не му беше важно си ја зеде и заедно избегаа во град,со парите што скришум му ги даде мајкаму,започнаа да прават сермија,таткому и после толку години во град не стори каил да дојди и да му го благослови домот,ете толку што го испизми,и навистина без татков благослов не му врвеше ништо на петрета,абре што ќе фатеше се му гореше во раце,ние дна работа неможеше да ја дотурјка до крај и да крени глава што се вика,но одеше туркаше,и на никого не му се жалеше,знаеше петре дека ако и да му се пожали на некој само ќе му се сити на маката негова,затоа собираше петре во себе со насмевката на ликот си ја покриваше тагата и ги врвеше дните,од болката што сега ја почуствува неможеше петре ни да викни силно барем и тој како тажалките да си ги каже маките,само ја галеше и со солзите и го миеше ликот,и навистина како од солзите на петре бојата на петрејца да и се врати бојата,го снема синилот остана еден бел тен,гледаше петре одвреме навреме во небото и туку тивко ќе прашаше
-шо ти згрешив бре господе па јас на тебе шо ми ја зеде Калина,ај што ми даде сиромаштија,не се жалев,ај шо ден со ден врзува не се жалев,.ги држев сите адети и празници,помагав на кого стигнев и никого не го имав за душман,шо ти требаше ова сега,кој че одам кај че кршам глава со три деца,ама ако ако е твоја вољ че ја испоштувам ако,и туку пак погалисија Калина.