Не ги заборавајте и погледите на месечината.

  • Ако некој некогаш праша,што оставив како доказ на моето постоење
  • Кажетему,сништа сонувани и недосонувани,сега разделени на скитници,да не бидат гладни;
  • Сеќавања полумртви,и многу многу дождовни капки,заборавени неисплачени солзи;
  • Беа последните зборови што ги напиша Чернодримски;

Бев само Скитник,но узнав дека

Патот до успехот е послан со многу трње,рекол некој голем голем мудрец.

Мене ми останаа само трњето,неколку празни патеки,со слеп завршеток.

Ни времето како некогаш не е веќе непријател,сега е придружник верен до кога ли..прошепоти Чернодримски за себе

Се плашам од сопствените раце.

  • Што ли злосторство сторија,некои ги проколнуваат;
  • Пред години многу,ликови оживував,низ редови црни од мастило ги воскреснував;
  • Зарем така не се убив самиот,зарем така со пепел и прав не се прекрив;
  • Безумие едно забележав,безумните за навек ги жигосав;
  • Шепотеше една осамена ноќ Чернодримски

Сакав уште да пишувам.

Сакав уште да пишувам,но одеднадеш бесната луња,некако љубоморна стана,со виеш се сурна на ледината,пергаментите така дрски ги зеде,во висините ги крена,и од таму,со смеа се јави...тие отсекогаш припаѓале тука,незнам кој беше тој што се дрзнал од заборавот да ги извлече,и во твоите раце да ги донесе...тие отсекогаш припаѓале тука.....простете,но јас морам си тешко срце да заминам,морам со вас да се разделам,и себеси да се ветам...никогаш повеќе да не застанам крај реката каде црно мастило тече

Почитувани Посетители.

Ви Благодарам за вашата посета на овој сајт,комплетната поезија на Никодин Чернодримски ќе ја најдете со кликнување на копчето Линкови,кликаќи на сликата ви се отвара страната на бараната стихозбирка.

Поезиата на Чернодримски.

Бесплатно Преземетеја.
Поезија на Никодин Чернодримски од Креативе Комонс,која се состои од 40 стихозбирки .

Творештво.

Целокупното поетско творештво Никодин го ставам на Интерент за бесплатно преземења,со една цел,да стигне до сите љубители на поезијата,кои сакаат да читаат.

Можеби.

Можеби уште ќе креирав
но со заминувањето на мојата муза засекогаш од мене,ја изгубив секоја инспирација но и желба за креирање.

Знам дека е во вечноста.
па така со овие мои дела само ја потврдувам нејзината вечност.

Контакт Имформации
Никодин Чернодримски
Република Македонија
Скопје
E-mail:cernodrimski@mail.net.mk
E-mail: cernodrimski@yahoo.com
E-mail: cernodrimski@hotmail.com