Почитувани

Невозможно е да разбудиш човек кој се преправа дека спие.

Но и Другите мислат слично

Страдањето создава болка само затоа што се плашиш од него., Те прогонува затоа што бегаш од него. Не мораш да бегаш, не мораш да се плашиш. Мораш само да сакаш. Значи, сакај го своето страдање. Немој да му се противиш, ниту да бегаш од него. Страдањето не е страдање ако ти не го направиш да биде такво.“ - Хесе.

“Што помалку верува во одредена идеја еден човек тоа поверојатно е да корисна зошто во тој случај нема да биде обоена со ни со неговите потреби, ни со неговите желби или предрасуди..

“Секој успех регрутира нови непријатели. За да им бидеш омилен на сите треба да останеш просечен“.

“Ништо неможе да ги излечи сетилата освен душата, ништо неможе да ја излечи душата освен сетилата“

“Големите љубови и големите несреќи самите се уништуваат од сопствената прекумерност. Површните љубови и површните несреќи траат долго.“.

Не се совети,ни пак Упатства

  1. Секогаш направи еден потег - насмеј се! Тоа ги тера луѓето да се замислат што мислиш! Проверена и докажана формула за победа во комуникацијата со останатите!
  2. Денес повеќето луѓе умираат од еден вид страшно секојдневно чувство и доцна откриваат дека единственото нешто за кое што човек никогаш не жали се неговите грешки.
  3. Искуството нема етичка вредност. Тоа е едноставно име кое луѓето им го даваат на своите грешки. .
  4. Ако човечкото срце застанува да си почине при качувањето на височините на љубовта, тоа ретко запира на стрмната удолнина на чувствата на омраза...

нешто онака

  • ...,,Кога веќе немав што да загубам, добив се`. Кога престанав да бидам тој што бев, се пронајдов. Кога се понижив и сепак го продолжив патот сфатив дека сум слободен да ја избирам својата судбина. Не знам дали сум болен, дали мојот брак беше сон што не можев да го сфатам додека траеше. Знам дека можам да живеам без неа, но би сакал пак да ја сретнам за да и го кажам тоа што не и го кажав додека живеевме заедно: Те сакам повеќе од себеси. Ако можам да го кажам тоа, ќе можам да продолжам да живеам на мира - зошто таа љубов ме искупи."
  • ... Кога во себе чувствуваш пустош а на лицето ти цути раскош, ЗНАЕШ. Тоа е гордоста. Таа те заштитува и тебе, и твоите солзи, и твојата болка од погледот на сите. Те заштитува од сожалувањето кое боли дури и повеќе од омразата. .....Те тера да се смееш кога сакаш да плачеш. Да молчиш кога крик ти ги исполнува градите. Да делуваш смирено кога и последниот атом во тебе е вознемирен....Успева да ги задржи солзите до мигот на осаменост.Им дозволува да потечат единствено тогаш, кога си сам, далеку од сите погледи....Но што со лузните на душата , создадени од сите прикриени болки и разочарувања. Иако никој не ги гледа, тие сепак се тука. Горат и печат на душата во сенката на горда насмевка. Нека горат. Ќе прегорат.Нека печат. Ќе излечат. Нека болат. Ќе преболат. Важно е само никој да не види. Никој да не дознае. Нив ги чуваме само за себе.За другите, тука е маската на гордоста. Нашиот заштитник. Можат да не повредат. Можат да не измамат. Можат да не уништат. Можат да ни одземат СЕ. Но гордоста не можат. Никогаш. Таа е само наша.„

Поеми...

со кликање на името на Поемата ви се отвара страната.

Поеми

Поеми