Не ласкај си себеси што Седум пати си тука,и тежнееш уште Седум пати да дојдеш…зошто Оганот кој клокоти во мојата утроба може да те соголи до гола коска..навистина сега имаш,Седум Печати во твојата потсвест,и Седум мистерии во твојата душа…сега можеш Седум пати на некого милоста да му ја дадеш,и Седум пропуштени можности да ги поправиш…но сега можеш и Седум Небесни вистини да дознаеш,и Седмата Хиерархија да ја видиш…но…немој тогаш да зборуваш…се беше привид…навистина …не ласкај си себеси што сега имаш можност од книгата на Бескрајната Мудрост да читаш,книгата што Елохимите ја пишувале.

Паганска Ода

Еве пред црниов камен клекнувам, Црн како овааа црна ноќ
Којзнае можеби и не е камен, Тоа мракот тука е само погуст
Ме донесе ,не ползев јас дотука,од вчера,од завчера чинам така е
И пред седум дни ,и пред седумдесет дни така беше

Некој таен шепот што шурка од пукнатина,протекува и само повторува
Соголија твојата бедотија,исфрлија твојата излитена наметка
Стани небиди ѕвер на четири нозе,Човек си,Прооди повторно
Проговори гласно со гласот на копнежот,шепотот праисконски.

Исплашена волчица немее карши карши,здивот и го чиствувам,на туѓа мрша се сладела
Гавранот од болка по крилото лево само молчи,по некоја солза капнува
Змии поскоци на полноќ оро ќе играат, Смокови во сватови ќе им дошле
Пред каменов црн само молчам,со молкот времето го бројам.

Шепотот таен здиве

Sample image подиве виор се стори,нејаснотиии избриша,однесе
Имало како мене многумина,во темнинава не сме се гледале
Ја донесе месечината водилка да ни биди,ги нареди ѕвездите патеки да ни обележат
Сега сој сме цел, Купишта од лита кожа,партали правливи насекаде
Со нова кожа во светлина искапена ,Во мугра румена создадена
Се облекуваме Тргнуваме .

Се облекуваме,тргнуваме,ги носиме соништата на нашите предци
Живеат секој ден во нашата свесност,како подароци невидливи
О,Мајко Природо,Божице вечна,евене пред тебе повторно
Тука,пред олтарот твој.

Низ вековите минати,изминати,заборавени,пеплосани
Крикот твој одекнуваше,ехо болно во срцата наши го слушавме
Болка миг беше,низ темнината се провлекуваше,во тишината не прогонуваше
Благословот твој утрински го заборавивме,некои го отфрлија.

Sample imageКамен црн е
Знам и сега и многупати претходно
За мене,црвен од жар е тој
Не го гледаат овие слепци
Кои во љубовта се колнат
Кои за љубовта копнеат
Но од љубовта бегаат

Sample imageЕвеме повторно пред тебе
Се родив
Воскреснав од пепелта
Со крвта прегорев
Низ солзата се измив
Од тишина доаѓам
евеме повторно пред тебе
благословиме,препородиме

безбожници ме гонеа
на клада ме ставија
пре пет ,или седум века
со жар оган,печат суров ставија
о,така беше тоа радост нивна
о,така милост од Бог свој искажуваа

Read more »

О,Мајко Божице вечна

Посетете ги

Преземетеги Бесплатно

Web Studio© Vavilon
Web Dizajn Nikodin Cernodrimski