Чин Први

На сцената се наоѓаат неколку полураспаднати клупи,кои некогаш служеле за одмор,но сега никој не знае за што служат,бидеќи и ретко кој седи,канти за отпадоци кои висат полупразни,додека околу нив расфрлано разноразни отпадоци,целата сцена е послана со жолти лисја ,дрвјата се некако бедни со искршени и издупчени стебла.

На еден искшен предмет седи Николче,држеќи во раката весник и чита на глас,(облеката за разлика од околината му е сепак пристојно чиста,блузата е женска,панталоните се со поширок крој,додека кондурите се од 20 век,избледени но чисти,со неодредена боја., косата му е во контраст од облеката,неисчешлана,мрсна,и бушава,непотшишана којзнае од кога.)Николче е само пасивен посматрач на сите ситуации,т.с несвесен хроничар кој во својата мала мозочна меморија го забележал сето ова дејание.се до оној момент,кога лудилото ќе го зафати и него.

Николче-Смртноносен венеричен вирус,дисперзиран со неконтролирано сексуално општење ја десеткува популацијата на колонисти во областа 33 македонија,заразените инфекцијата ја манифстираат на тој начин што запалените страсти ги горат на најизопачен начин...откако ќе ги изгорат,омалаксани и со видно лажна насмевка на лицето умираат.

(Од позади сцената се појавува Вирусот,додека ги прави првите чекори на сцената се слушаат прво громови,потоа започнуваат фанфари кои го најавуваат триумфалното доаѓање на вирусот,кој е едно извитоперено и извештачено подгрбавено суштество,кое додека оди,позади него одвреме навреме остануваат некои лигави белузлави траги.)

(Николче го гледа незаинтересирано појавувањето,но тивко мрмори,повеќе за себе)

Николче-е не ми е јасно зошто ова кускуле мора да биде зелено,а уште повеќе зошто понего мора да се влечат оние негови лигави траги...стварно,не ми е јасно....па што се замарам дали му течеле или не му течеле...на крај краеви тоа се негови лиги а не мои...е бате бела николче николче,се замараш со еден беден и никаков вирус,ти виде други па сега ќе се замараш со овој,,ај баталиго нека си врши работа.

(Вирусот кога ќе дојде на самата средина од сцената на десниот агол се осветлува една клупа,која за чудо е во добра состојба,на неа седи млад човек,кој одвреме навреме го исплазува јазикот задоволно,се чеша помеѓу нозете нервозно,и се врти со главата насекде кажуваќи така дека некого чека.Кога вирусот ќе го забележи оди кон него.)

Вирусот-Кој си бе ти ашлак еден?

Јорданчо-Јорданчо,плескам добро,од собајле до вечер,а навечер плескам без да престанам.

Вирусот-Имаш ли женска Јорданчо ?

Јорданчо-Имам,А кој си ти ?

СЦЕНА ЧЕТИРИ

На средина од сцената е поставен некој предмет,кој има улога или така личи какао на место одкаде се држат говори.тоа емал цилиндричен предмет,кој претходно имал друга намена,но сега залутал во овој простор.

Николче-Јас сум споменикот на самодовербата,Мојот ум е сега еден голем амбар со знаење разноразно(почнува да се чеша неконтролирано помеќу нозете)аххххх,колку е убави зборови проголтав,зборови мои слатки зборови,каде да ве најдам сега повторно,аххххх колку сакам да читамммммм....(продолжува д се чеша)ама понекогаш и ме нервира ова чешање(со малку налутеност се чеша)ставрно ме нервираааа...(сега е смирен со блажен израз на лицето)ама ако после чешањето доаќа она слатко задоволство(од џебот вади една мала книга)оваа ризница на мудрости ја сокрив од оние двајца шапшаловци,да им ја дадев попусто ќе ја проголтаа.

Со брзина на ветер на сцената влетува Теодор,го гледа вџашено Николче како лакомо ја голта книгата.

Теодор-Уууууу себичен себичњак...уууууу себичен себичњак....уууууу себичен и никаков створ,....(налутено))педер еден така ли се држиш до договорот.....(сега го имитира)ние ќе бидеме како сложни браќа,и се ќе делиме на еднакви делови......а видиго ти него...уууууу себичен себичњак....толку ли е од твојата лажна рамноправност....толку ли е од твојат........леле колклу сум нервозен.......

Николче-(без срам и перде) е батка,батка,договор се прави з да се прекршува,ако не се прекршува тогаш и не е договор.....(се смее слатко) не го знаеше ова...(малку иронично) е сега научи.

Теодор-(не е лут на николче,туку на себеси)..ај што ми го тури ми го тури поштено нема што,само не си ти крив,крив сум јас што воопшто ти поверував,...абре кој к ме тераше воопшто да ти верувам,добро ми беше пред да се појавиш ти,на никого не му верував,па добро си живеев,(седнува на клупата)глуп,глуп сум нема што...ееее теодоре теодоре,па згора на се уште една книга му подаруваш..нова глан нова....ахххххх колку слатко само мирисаше....глуууууп...а којзнае колкаво задоволство ќе ми направеше таа книга....глуууууп.

Николче се симнува од постаментот,и силно чешаќи се оди накај Теодор.

Николче-види брат,кога те гледам вака натажен(сега посилно се чеша)многу бре сакам да те цепнам барем еднашшшшшш(се чеша)аххххх (се чеша)живо створење сум бе разбери,шо да прам..(го фаќа за рамена и го крева,поставуваќи го спроти себе се гледаат лице во лице)стварно ти кажувам,...ама..(се одалечува од него сега брзо)..ама нешто непознато ми се свило во главава..некој збор и за мене непознат...ме збунува напати.....(стои и размислува)...еве..(вика)..се сетив..Идеа,замисли чиста идеја ми се всадило во главава,од каде незнам(ги крева рамениците)навистина незнам,и знаеш кога те гледам,сега,гледам дека таа идеја ...(покажува према теодор)..евеја евеја ,ја гледам,(започнува нежна сиптилна музика да се слуша од позадината на сцената)чистатата идеја,колку е прекрасна,нежна,и со својата нежност ме гали насекаде(започнува сега со рацете да се гале самиот по целото тело)ме гали,со своите невидливи раце,ме гали,ме гали,оххххх таа прекрасна чиста идеа,охххххххххх(со лицето прави израз на своевиден транс)гледај(вика силно гледаќи во Теодор) гледај таа сега лета и накај тебе,се цепи брат,се цепи на половина,едната половина остана кај мене,другата кај тебе...ја чуствувам и во воздухот...лебди(започнува да танцува сам на сцената)..овааа е некоја величенствена идеа,некој посебен набој во себе носи,ми ја дава сета потребна енергија да сакам,да ме сакаат,ми кажува,не не ме внесе во својата беспрекорна чистота,и гледамммммм,навистина гледам(вика силно)Теодоре и јас,и ти ,и сите други сме тука Човек,ах колку убаво тоа звучо,ах колку возвишено е тоа чувство да си човек,Теодоре,и ти си човекВозвишено Битие кое ги победило анималните страсти,Битие,кои ги победило ниските и валкани земни особини,Човекккк,во вистинска смисла,човек,кој нема потреба од земни богатства,Човек,кој ја победил жедта за крв,жета за моќ...(сега застанува,малку има изненаден израз на лицето)..од каде ли ми дојдоа овие зборови.

Теодор-николче добар ли си...(но во еден момент почуствува и тој некој непознат флуид како заскита низ неговото тело така да и тој сега започнува да танцува прво сам)..да,да,да,ја чуствувам,оваа е некоја непозната,но сепак пријатна идеа,или ситуација,или состојаба,....(вика силно на глас) Љубов,Љубов се вика Николче(го прегрнува и двајцата започнуваат да танцуваат)..ја чуствуваш ли,да љубов се вика,чиста енергија која ја користи идејата што се сви во мојата глава......колку е пријатна...

Николче-играј,играј Теодоре во музиката на Љубовта....чуствувам како ме гале,нежно,нежно,исто како што небото ги милува ѕвездите.....колку е пријатна оваа енергија(одеднаш се истргнува од рацете на Теодор)..абе тргни се ненормален ниеден ти си ме галел....

Теодор-е ако де малку,не се лути ти веднаш.

Во меѓувреме доаќа Миланчо и го гледа како стојат еден спроти друг.

Миланчо-што правите без мене бе цепачи..сакате без мене да читате аааа...ууууу себични створења...

Теодор-Миланчо ај не ги вообразувај работите..ние само ја чуствувавме љубовта брат..

Миланчо-што.што.што е тоа љубов..?

Теодор-(одважно) Кога незнаеш немој ни да прашуваш.

Миланчо-добро ај не прашувам...(се одалечува малку,но наеднаеш се врти према теодор)..ама морам да те прашам....ај не прашувам сега,туку после.

Теодор-(рамнодушно)ајде прашај.

Миланчо-не бе не прашувам и точка.

Николче -(према Теодор)-кажими ти мене,ме познаваш добро,што сум јас човек или животно.

Теодор-Човек,си Човек си,и тоа еден единствен примерок на светот,како тебе нема никој друг,има слични ама Николче е еден единствен.

Миланчо-(се уфрла)-животно си бе батка,животно,и тоа она најгнасно животно,нека не те лажи овој што му се упикува на сите,таков е тој се потпикнува,лижи,лижач е тој...те водат страсти,нагони,и ништо повеќе..

Николче се одалечува од двајцата и ги гледа зачудено.

Николче-и сега на кого д му верувам.?

Миланчо-те чеша ли мандалото бе заебан(се смее)

Николче-ме чеша(сега повторно се чеша)ама и ме нервира понекогаш.

Миланчо-значи животно си.

Николче-Теодоре Брат,кажи,бе небиди педер мајкаму стари,не ме држи во неизвесност,човек ли сум животно ли сум,кажи изјаснисе.

Теодор-Човек си Николче,човек,и тоа од оние највозвишени.

Николче-(нервозно) ако сум човек,зошто толку имам потреба да се чешам,(се чеша)...леле ама ме нервира сега ова.....ау ќе полудам....

Теодор-чешањето е нормален психолошки процес,со кој единката го поминува патот од животно до човек.

ВТОР ЧИН

Сцената е осветлена со плава светлина од сите страни,сегашната поставеност е обратнопропорционално од претходната,на средината е поставен стол со 12 правилни линиии кои се вдлабнати во него,на долната и горната страна има мали кружни прстени,на самиот врв гори оган,позади него се наоѓа капија со два столбови која ги поврзува лак,на самиот лак е напишано AGORA LIBERTAS од десната и левата страна се поставени по два слични но помали столбови од тој на средината,сите шест столбови се поредени во полукружна форма,на левата и десната страна се поставени по шест столчиња,но со раскошна декорација,на самите столчиња се оставени зелени маслинови гранчиња,кога започнува музиката на фанфари,плавата светлина слабее,додека белата се појачува,кога целата сцена ќе биде осветлена со бела светлина од местото каде се наоѓа капијата се појавува појака бела светлина помешана со некоја маглива млечна состојка,од тој простор започнуваат да излегуваат актерите,облечени во туники на римските сенатори,прво се појавуваат шест и одат на десната страна,секој од нив си го знае своето место ,молчешкум ги ставаат маслиновите гранчиња на главите и седнуваат,откако првите шест актери се на сцената се појавуваат останатите шест,кој се видно помлади од првите,и ти сега одат на левата страна од столчињата повторуваќи ја постапката.

Кога веќе сите на своите места влегува гласникот на вистината,кој покрај тоа што е облечен со бела туника,рабовите на неговата облека се обложени со златни ширити што е јасно дека е на челото од советот на бесмртните.полека и внимателно ја одвиткува ролната на која е запишана дневната заповед.

Гласникот-возвишени чеда на вистината,ви ја давам мојата наклоност но и безвременска доверба,да и вие,во овој голем ден,вие кои со мудроста се храните,овде на оваа величествена Агора,и повторно како и секојпат,Ја донесете повторно вистината на видело,спроведуваќи ја својата безгрешна праведливост.

Во овој,за нас тежок и мачен час,час кога над нашата безгрешност се надвисна едно заборавено и заспано зло,зло кое лебди над нашата бескрајна иднина,злооооо кое така на суптилен начин се провлече низ тесните ходници на минатото време,ходници за кој мислевме дека засекогаш ги затворивме.

Затоа мои возвишени мудреци,во името на вечноста ве овластувам,да го употребете повторно сето ваше знаење,но и мудрост,како би го спречиле ова зло во самиот зародиш.

Бидете праведливи како што и бевте досега.(гласникот на вистината ја завиткува ролната на папирус,и со благ наклон се повлекува од сцената,додека се повлекува,сите во знак на почит стануваат,и со се поклонуваат на неговата големина)

Првиот емисар-(Доксим) ти ги мразиш,нели?

Вториот емисар-(Јоксим) Кого ?

Првиот Емисар-(Доксим) Двоножните неми бројки кои немо газат по правливоста

Вториот Емисар-(Јоксим) Речи што сакаш,но јас не умеам да мразам.

Првиот Емисар-(Доксим) Не ги мразиш,но и не ги сакаш.

Вториот Емисар-(Јоксим) рамнодушноста е моето секојдневие.

Првиот Емисар-(Доксим) Многу си таинствен,загатливо ми зборуваш.

Вториот Емисар-(Јоаким) Јас не ги разбирам твоите зборови,ни пак можам да ги знам твоите намери,Јас Јоаким Големиот творецот на стретството кое ги прави единките среќни,ти кажувам млад човеку,Јас навистина навистина не умеам да мразам,токму таа гнила омраза ме натера,но воедно мислата од разорноста на тоа чувство ме мотивираше,години и години да работам на стретството со кое ќе ги направам единките среќни,и ете успеав,зарем не ја гледаш среќата како лика од нивните лица.зарем не гледаш како насмевката е залепена од утро до мрак.

Првиот Емисар(Доксим) (со восхит) ти ли творецот на пилулата на среќа,знаете јас уште во Академија слушав за вашите невероватни откритија и придонеси,вашиот успех мене ми беше секојдневен потик да успеам,вие сте мојот Идол.

Вториот Емисар-(Јоксим) замолчи замолчи и не го употребувај тој збор,посебно овде.

Првиот Емисар-(Доксим) а кој збор е овде несоодветен?

Вториот Емисар-(Јоксим) многу многу зборови овде се несоодветни,ете тој што го изговори(со шепот кон Доксим) идол.овде немаме идоли,овде сите сме еднакви,овде сите сме среќни.

Првиот Емисар-(Доксим)-чудно навистина чудно,(за себе) јас мислев дека на оваа величенствена Агора,сите зборови се дозволени.

Вториот Емисар-(Јоксим)(повторно те предупредувам,не се радувај прегласно,среќата искажија со дискретна насмевка,така ќе кажеш дека таа таа во тебе е расплинета насекаде,овде некои можат погрешно да ја разберат твојата еуфоричност..

Првиот Емисар-(доксим) сега навистина не те разбирам,сега навистина си целосно загатлив.зарем оваа највовишено тело,каде челенуваат мозоците на опшеството,каде сите се еднакви,зарем тука некој може погрешно да ме разбере.

Вториот Емисар(Јоксим) јас да ти кажам,а ти рабериме како сакаш(со благ незабележителен поглед покажува кон седмиот емисар) го гледаш ли тој на средината седмиот од еднаквите.

Првиот емисар-(Доксим) тој со белата коса,и премногу сериозен израз на лицето...некако премногу е сомничав.

Вториот Емисар(Јоксим) Посебно од него чувајсе...тој е креаторот на тагата,едно од најсмртоносните оружја кои тука ги имаме...внимавај кога со него водиш полемика,тој итекако знае да манипулира со неговото оружје...Зборот........ја знае секоја скриена моќ на зборот,и во состојба е со неколку реченици да го вовлече во тебе црвот на сомнежот......а тогаш,тогаш ти нема спас.....

Првиот Емисар-(Доксим) интересно,интересно,гледам како другите и го одбегнуваат неговиот поглед.