Заборавен Грев

Тешко беше да се каже со која брзина истекуваше реката на животот,дали со брзина на планински поток,или беше една дива е брза река која честопати знаеше и да рика со глас на суводолица,така беа и овие иминати години на Коста,само некој скриен спомен,спомен на кој не сакаше да се сеќава на денот кога пред 25 години го напушти малото и правливо гратче со еден куфер во раката,го држеше куферот во раката стоеше осамен на перонот чекаќу го единствениот воз кој поминуваше за 24 часа да замине,да замине во својот сон кој го сонуваше во малат и скромна соба додека лежеше на железниот кревет и со отворени очи го разоткриваше кровот на куќата бараќиго бескрајното пространство каде што се криеше неговиот копнеж,да замине и да успее во животот,да слушнат но и да видат кој е Коста,така и тоа утро кога ја виде својата водилка како блескаво стои на интринското руменило,и како си својот мистичен сјај блеска,знаеше дека е дојден денот,денот кога тркалото на својот живот ќе го врти многу побрзо но и многу посурово,суровоста Коста ја научи од болците,кои секојдневно ги слушаше како со скриен здув честопати минуваат на крајот од малиот град,и кога ќе наближеше полноќта,тогаш стрвнички збивтаа чекаќи на пленот,мракот им беше нивниот закрилник но и нивнтото неприкосновено царство,со сласт јпрво ја набљудуваа жртвата даваќи и надеж на лажна сигорнуст,и кога најмалку очекуваше тогаш со молскавична брзина се втурнуваа во ловот кој значеше сигурна смрт за неа,откако ќе ги забие очњаците во вратот на жртвата со виежот на месечината и кажуваа дека повторно се победници во оваа битка,така и коста м,ногупати во денпот ќе седнеше на една висока карпа од каде што ја имаше скоро цела околина на дланка,гледаќи ги ордите како крстосуваат спокојно низ жумата,ги гледаше и учеше,волчјата тактика започна да ја применува скоро секаде,и кога ќе ја применеше успехот беше загарантиран.

Започна макотрпно да се искачува на стрмните и лизгави животни скалила,честопати во тие непредвидливи успони но и падови,незнаше кога е ден а кога е ноќ,снаеше дека времето тече,не запира,но и меле безмилосно,секој миг што ќе го застанеше и ќе го потрошеше залудно беше само бесцелно изгубен миг,одеше но и не се жалеше на никого,не сакаше тие мали и ситни души со кој беше опкружен да ги храни избилно,туку ќе стиснеше заби ќе ја кренеше главата и во поразот кога го имаше бараше добра страна.

Се редеше низата на дните негови со лисја кога пожолтени,кога скапани,кога со златоносна боја,во тие дни веќе започна името негово да се изговара со респект,ја земаше почитат што му ја дваа,но ретко возвраќаше,неговите ладни и строги погледи како ренген ги препознаваа лигавите суштества кои се виткаа до земја фалеќи ја неговата величина и остроумност,во таа суровост богатството негово растеше брзо и незапирливо,онолку колку што ќе потрошеше,веќе во наредниот ден доаѓаа дупло повеќе пари,го засака раскошот,и не штедеше на сопствените задоволства,не го интересираа туѓите неуспеси,кога некој ќе застанеше до него или пред него кажуваќи му за сопствените падови и неуспеси,на најгруб начин го испфрлаше од својот простор,не ги сакаше фгубитниците,тие само го кочеа на неговиот пат,но и кога ќе го молеа за ронка милост,и тогаш не покажуваше некоја голема човештина,оглува на молбените барања кои скоро секојдневно доаѓаа на неговата маса,започнаа лушето да мислат дека неговите пари се и нивни,дек нивните болки се и негови,и дека треба само да го одврзе кесето па да ги истури парите пред нив,и ним грубо ги отфрлаше,со зборовите.
-Ако е од БОга,спасот барајтего кај него,тој ве нагрдил,па тој нека си ја исправа грешката,јас немам ништо со тоа.
Или на други им одговараше
-Не сум Социјална установа за да делам милостиња,вашите маки и болесто ќе си ги барате таму каде штио им е местото,боните носетеги во болница,проблемите ваши оставетесиги дома,но од мене не барајте пари зошто јас ни најмалку не учествував во развивањето на болеста.

Раскошот негов веќе беше очигледен,големата куќа која ја игради во елитниот дел на градот беше една од најубавите но и најголемите,од далеку кога се гледаше личеше на дворец од бајките,дворот широк и простран со прекрасна градина во која се преливаа боите на најубавите цветови вкусно одбрани од префинетото око на градинарот,кој со години го оджуваше овој величествен рај,додека беа мали неговите два сина,ја имаа тука најдобрата сугорност за веселите детски игри,но како растеа така дворот се исполнуваше со малдеж ,младеж кој во тој двор ги правеше своите разуздани забави кои траеа до раните зори,тогаш не се знаеше дали во текот на денот истекло повеќе вода во базенот за да се наполни,или вечерта истекло повеќе алхохол во тие млади грла,но пијанианите врисоци кои напати личеа на урлици ги вознемируваше другите станари на населбата,но познаваќија моќта на Коста неможе ништо да сторат,па ни кога развратот се всели пред очите на сите ти околну соседи,дворот личеше на една отворена содома и гомора.

Некогаш кога ќе седеа и одмораа во раскошната сенка на дабот кој беш на средината од дворот,женаму Меланија ќе го прекореше Коста за сета раскалашеност од синовите но тој само дрско ќе ја прекинеше во разговорот.
-јас сум немал,но тие имаат и нека живеат. -но Коста ти од нив правиш само паразити,научиги исто како и ти што си се научил да работиш,научиги сега вече големи а не само да трошат неконтролирано.
-Ако не ти се допаѓа као ги воспитувам моите синови,ти можеш слободно да се вратиш во твојата колиба од каде што дојде,а од друга страна ти ја заврши својата работа,ми роди два сина и што сакаш повече,етети пари оди и ти троши,сум ти забранил ли.

Молчеше кутрата Меланија,последниве години откако ја осознаа моќта на својот татко синовите скоро и да не ја забележуваа својата мајка,дури во својјата безобраност веќе го копираа својот татко во однесувањето,кога навредуваа започнуваа прво со мајкаси завршуваќи соп градинарот.Трпеше од една причина што сепак како мајка сакаше да ги гледа пред своите очи нејзините чеда,со една скриена надеж дека кога тогаш ќе станат вистински луѓе.

Честопати кога луѓето ќе сакаа да го опишат карактерот на Коста,ги кажуваа овие најчести зборови,Дрзок,Арогантен,Нечовелен,нечуствителен,И најмногу од се што му прилегаше и ја отсликуваше целиот негов живот беше зборот Алчен и никогаш незаситен.

Вампирот Смугре

Така и утрово Смугре кај ја нашол само тој знае,јавнал млада збесната споулавена стелна кобила,која трчаше и саде пењи фрлаше,околу нозе и врзал млади венчиња од трње,на нозете опнал некој бодликави стари мамузи,и со шилото чини боднија по слабињето,смугре ќе ја бодни таа во трк наоколу каде што и одредуваше правец со огламникот смрдлив,на задните нозе,е како успеал и тоа да го научи,и врзал танки реси од лепливи магли.та каде што помина саде густа магла оставаше,низ густината се слушаше громогласната смеа на Смугрета испомешана со болното ржење на кобилата,кога ќе му се кефнеше ќе ја натераше да скока од ритче на ритче,и со скокањето некако побрзо ја распостилаше ладната прекривка на маглата.
По којзнае кој пат дедо Андон го наполни лулето со серт тутун,не брзаше да го запали и да ги вовлече тие пусти црни отрови.,туку го држеше сега така полно меѓу забите.
-по чија ли душа дојде сега стрвнику-процеди меѓу заби.
Смеата на Смугре тристагодишниот вампир утрово беше неподнослива,дури напати беше толку јака да кога ќе се судреше со карпите на Орловица,на тие стени кои се испречуваа пред небото и му кажуваа,застани овде има некоја граница,граница каде треба пониско да се симнеш и потоа да поминеш,ете ќе се судреа во карпите и неможеќи да одат нагоре ќе се вратеше кон селото смеата смугрева.
-Каде ли ти е гробот,проклетник еден,каде,со години го барам тој твој проклет гроб,знаеш песу еден крвјосан дека овие раце сеуште имаат сила за глоговиот колец да ти го забијат всрце,само ти смејсе,само смејсе,ќе те најде Андон,дадов завет,се додека таа работа не ја завршам не заминувам на тој свет.
Можеби овие зборови исполнето со гнев стигнаа и до См,угрета,толку силно ја удри кобилата во слабињето што таа кутрата од болка клекна на предните нозе,но силниот стисок на уздите ја натераа д се крене,со галоп се упати Смугре наведувајќи ја према гумното,кога стигнаа маглата беше толку густа што можеше од неа парчиња да пресечеш и како кал на куѓа да ги лепеш.
Ја спотера тој пустињето да се врти во круг празен да врши,а таа кутрата само тупка ,па оди,па ржи фрлаќи парчиња пења низ устата,кобилата ајванче неблагословено етего се мачи а Смугре саде се смее дали се смее.
Го немаше сонот да се залепи на клеоките од Дедо Андон,можеби лизгаќи се низ избразденото чело,се заплетка во густите и побелени веѓи,да прета и клоца ,но нема фајде големо од тоа,пргавите парчиња кој скокаа од лулето бргу згаснуваа во студенилото што го донесе Смугре.стана со некоја заборавена тежина од триножецот,ја истегна или само сакаше да ја растресе снагата на пространиот чардак,со своите рацеклешти цврсто ја стегна костенливата греда која ги држеше исправено штиците кои некогаш беа украс,а сега веќе полутрули само се вееја по некои,и погледот го испрати до гумното,гледаќи го вителот кој се вееше таму.
-ќе те најдам,ќе те најдам и ќе ти платам за синами Митре,душава со заби ќе ја стискам се додека не ти ја видам твојата лочка црна крв како се впива во земјата,проклет да бидеш проклетнику,му ја свали на плешките буката и го сви на половина,ми кажаа се опирал под таа тежина да стане,ама неможел,со тежина на земја си го поклопил,се додека не си го спружил скрос,го залепи та едвај ние го одлепивме,ни лика ни снага му се знаеше,ах проклетнику ме касна за срцемта и јас ќе те каснам,море прво со нозеве по таа твоја мемлосана снага ќе ти шетам,па најсетне со глокот ќе те набодам,ќе те набодам Андон не се викал ако не го направам ова.
Којзнае можеби монологот на Дедо Митре ќе беше уште подолг,ако не го прекинеше детскиот плач,се заврти исчекоруваќи два чекори према вратата,уште од рана квечерина снашката Митрејца започна да се породува,околу неа цела ноќ се најде да и пмага за на свет да донесе радост Баба Стана,селската бабица.
Плачот на детето за миг ги растера овие траорниу мисли од главата,широката насмевка ги прекри длабоките животни бразди кој беа изорани на старечкото чело.
Излезе Баба Стана од одајата,го гледаше неколку мигови право во самиот врв на очите.
-Нека ти е жив и здрав внукот свате Андоне.-а беа некои сватовштини уште од деда си па така фамилиите се викаа кога ќе се стретнеа.
-Сполајти сваќе Стано,сполајти,и тебе како и мене нека ти се множи челата-го возврати честитањето,но на оштрото Андоново око не му избега моментот кога Баба Стана си ги поткаса усните и сега некако гледаше да го одбегни погледот.-Снаата како е,добра лие,се измачи кутрата таа,ама ако со помин нека е. Баба стана на ова прашање само ја наведна главата,погледот го впи некаде во штиците бараќи некој поцврст и позавртен чвор,прво сакаше да го заплетка во таа чвпровина,па потоа со некоја замрсеност да му даде одговор.само пусто немаше никаде таква работа,прво промрмори,но оштриот глас на Андона ја натера да го повтори одговорот погласно
-Те прашав нешто Стано.
-Бог да ја прости,свате-сега како да бараше прошка од Андона-се сторив,се што знаев и умеев,ама некоја сила недаваше да излезе детето,се некако на пола пат го стискаше,и саде душа бараше да земи,господ ми е сведок Андоне дека детето едвај го спасив,за снаата твоја немаше спас.
Од силниот стисок на забите,лулето се распрсна на неколку парчиња,недогорениот тутун брзо се лизна на штиците,со тресок на ногата ја згазна онаа вжарена топка,која во одреден момент беше некој подмолен мелем за човечкиот јад,само една солза се стркала по образот
-Бог да ја прости.
Ја испратија селските тажалки Митрејца на тој свет,Дедо Андон,со камено лице стоеше на новата земјена хумка,хумка која ја правеше за вторпат во една година,не кажа ни еден збор,на очите ги стави двете сребрени меџидии,ја помилува по ладните образи,и тивко за себе и кажа
-поздравиго синами,а јас ќе наплатам таму каде што треба,и колку треба.
Тажалките со клетви го благословуваа Смугрета,а тие низ плачот испраќаа по Митрејца поздрави до своите упокоени роднини.
Баба стана прво време беше околу Стојмира,ама не можеше и таа вечно да биди со детето,имаше таа и дома получовек,Глугура незин со дна нога само низ одајата можеше да оди,па така Баба Стана му беше најголема потпра сега.

Номад во Душата

Во моето Присуство,освен Јас и Прастарите Богови нема никој,повторно низ молкот што го провлекоја некоја молитва побараја што сум им ја кажувал којзнае кога..неможев да одолеам,на земјата и омрзнав,та кога веќе така лесно ми ги брои моите денови,ќе ја натерам барем уште еднаш да се заврти за мене ,и ќе заминам во Катедралата каде што сонцето навечер одмара…со засадена аловина на образите од несудените мугри и мртвите заоди се простувам,претешка е мојата вина,им зборувам,небаре е тоа нивна утеха…Преубава Бајка ми раскажувавте,но оставивте заплеткана,збунета и малку омалаксана Принцеза ,близу до мојата дланка беше,далеку од мојот допир…со чудни татнежи во срцето и немирни неспокојства на душата…сега,завиткана во синилата кои другите и ги спростија…Ах…крикнувам…тешки ни се воздишките еден за друг..дојдов,дојдов во оваа моја Катедрала,пеколот што го носам,низ урликот да го оставам…ги разголувам и мислите,полесна да ми биде обвивката која ја напуштам..изгаснатите грмотевици ќе ги оставам за твоите порои..овде барем твоите трепнувања нема да ме болат..ова е една од последните молитви,која ги голта сите мои порази…сите прегазени ветувања..оставам Исконската Битка да не ја водам повеќе…оставам..и другите да кажат…Судбина Било.. .