НЕКАКО (ПОСВЕТЕНА)


Јас некако се навикнав
навечер да ме покрие,
студенилото на сопствената
осаменост.
Како дете со свиткани колена,
да ја прегрнам перницата,
да ги затворам очиве,
и да те повикам во мисливе...
Некако се навикнав
да ме топли
помислата на тебе,
ја прифатив судбината,
се предадов на себеси
отфрлајќи ја иднината...
Кога ќе заминеш,
сама со сопствени раце
гробот ќе си го ископам.
Ќе го ископам
каде ни птица не пролетува
ни зрак на сонце допира,
таму каде само ветерот
морничаво завива...
Душава ќе си ја закопам,
како жив мртовец ќе шетам
хранејќи се од спомените...
Да убиеш човек
можеби е грешка,
но да убиеш душа
е проклетство...
ТВОЕ И МОЕ !....( Арсовска Мери )....