SAMOVILINSKIOT IZVOR



So brzi cekori Magda ja napusti glasnata gradska vreva I se upati kon planinata,zad sebe gi ostavi poslednite trosni kujkarki I vleze vo edno nepoznato,vleze vo prikaznite I legendite.
Samo toa vo toj mig I ostana,toa I nisto drugo,odese po patekata koja cas bese dosta siroka da minat povejke lujge,a vo sledniot cas bese tolku tesna sto edvaj I samata mozese da pomine,odvreme navreme ke se posopnese na nekoj kamen,ke se zateteravese no sepak mladoto telo koe bese dosta vitko I elasticno prkosese na zemjinata teza,pa ednostavno ne pajgase,I samata ne znaese kolku izodi,akolku ima uste za odenje,odednades pred ne se pojavi mala ledina,se izraduva deka konecno ke mozi da sedni I da pocini,zosto I kolku d bese mlada umorot bese pomojkon od nea ja sovladuvase so sekoj cekor sto ke go napravese taka I umorot bese se pomojken I pomojken.sedna na kamenot sto se ispreci I pogledot go svrti prema gradot,go gledase kako raskosno e rasposlan I rasiren,trosnite kujkarki na site kraevi od gradot bese najcestata slika sto mozese da ja vidi,samo ovde onde po nekoja pogolema dvospratna kujka strcese I se delese od odtanatiot dekor,dvospratnite kujki se deleja I so bojata varosani celosno vo belo uste povejke se odalecuvaa od kujkarkite na koj se gledase plitarot,setase so pogledot I go barese domot,koga pogledot ja pronajde malata dvosobna kujkarka I pokraj dalecinata mozese da gi slusni tivkite I bolni vozdiski na svojot pomal brat,imase samo cetirinaeset godini no ete kobta tropna I na nivnata vrata I ja zalepi bolkata na nemojknite momceski gradi.Lekarite pravea onolku kolku sto mozea I znaea,no na kraj dignaa raka,dignaa zosto vo blizina go pocustvuvaa studeniloto na smrta,im kazaa na domasnite deka denovite mu se odbrojani I deka nema lek za negovata bolka,,zborovite od doktorite magde prvo ja gajgaa kako streli a koga kazaa deka denovite mu se odbrojani pocustvuva nekoj otra bolka vo crceto,ra raspara na polovina nebare sabja bese,od tie zborovi magde tri dena I tri nojki ni zbor prozbore ni leb kasna,ni son sonuvase,blediloto koe se razvlece po nejzinoto rumeno lice uste povejke gi izbezumi nejzinite roditeli,I tie kutrite nemaa vejke solzi da placat,no I bea premaleni od zborovite so koi gi tesea nivnite deca,a samite bea za tesenje.
Utroto majka ja razbudi Magda so svojot nezen majcin glas.
-Magde majka,aj stani I spremise,go zamesiv lebot,pa treba samo sticata so leboit da ja odneses na furna,ajde majka stani,kako sto e gospod nikoj ne.
Stana Magde I zapocna da gi oblekuva na sebe vetvite no sepak besprekorno cisti alista.se zavrti nakaj majkasi I so pregolema gorcina vo glasot I se obrati na majkasi.
-Kakov gospod majko,ako go ima zosto togas e olku nepraveden,malku li mu e bedotijava sto ni ja frill,pa sega i bolsta na bato,a so sto muy zgresivme,ajde kazimi so sto,za vaka da ne kaznuva,ajde ajde ajde ajdeeeee kazimi.gi kaza ovie zborovi I blikna vo plac.
Se doblizi majkai I ja pregrna.
-Ne gresi dusa Magde,ne gresi,ponekogas cudni se negovite patista I postapki,znam deka ti e zal za brati,no toj si znae zosto ova iskusenie ni go dal,ajde ajde odi I ne si ja polni glavata so takvimisli,odi majka da ne te fati guzvata.
So navrseni 19 godini Magda mnogu vide vo svojhot zivot,no sepak ne sakase da se rasprava so nejzinata majka,dovolni I bea I drugite grizi zatoa vleze vo kujnata,ako taka mozese da se narece skromnta sobicka kade bese smesten sporetot,kredenecot I drvenata masicka so cetiri kokluci,vrzuvani so telovi I kovani so sajki kojznae kolkupati,ama toa bese sto da se pravi.od masata ja zede sticata so 5te somuni I se upati kon furnata na Stojana,odese poleka I vnimatelno,ne bese tolku teska sticata kolku sto bese skapocen tovarot sto go nosese,cekor po cekor I stigma.
Nemase mnogu guzva samo nekolku postari zeni,im kaza na site poedninacno dobroutri I si zastana na redot posledna,nemase obicaj Magda da razvrzuva muabeti so zenite zosto znaese deka eden dobar del furnata im bese edno od poomilenite mesta kade kazuvaa se I sesto,se trudese da ne gi slusa tujgite muabeti,no I kolku da se trudese sepak visinata na tonot koj bese povejke od normalnoto ja natera Magde da slusne za sto zboruva zenata pred nea.
-Eh da sum nekoja godina pomlada ama I pozdrava,ne bi bila tuka ni minuta,ke ja fatam planinata I ke go baram samovilinskiot izvor,imam slusnato deka vodata od toj izvor mi ti bila lek za site bolesti na zemjava,ama malkumina do sega jai male taa srejka da go najdat,a uste pomalku jai male taa srejka da napolnat voda od toj izvor,ako imal vek bolniot izvorot blikal so voda,ako nemal togas izvorot pred ocite na toj sto go nasol seknuval,ete taka sum slusnala,ama cveto mori I jas sum bolnikava I nearna I na kogo da gi ostavam decata da odam da go baram izvorot,go znaes onoj mojot ne e kadaren ni jajce da svari asolno ne pa da beri gajle za decata,samo toa pusto pienje mu e vo glavata toa I nisto drugo,a majkami e tesko bolna ama toa tie sudbina,kolku I e pisano tolku ke tera na vekov-go zavrsi svoeto kazuvanje.

Грутка ЗемјаГрутка Земја

Грутка Земја

Се прикраде тивко до оградата,а зошто ни самиот не знаеше,некое претчуство едноставно му кажуваше вечерва да не оди на главната порта,да не оди,зошто сенките вечерва дојдоа пред неговата порта,не се плашеше тој од нив,се плашеше од тоа што го чека после,знаеше дека кога сенките ќе дојдеа пред некоја порта домаќинот никогаш повеќе не се враќаше дома,а и глас повеќе за него не се слушаше,а никој па и немаше смелост едноставно да праша каде е домаќинот,ќе го снемаше исто како што ќе го снемаше одговорот на тоа прашање,тивко тивко или подобро кажано одежеше на два прсти,го знаеше секое камче во сопствениот двор,и затоа никој и не го слушна дека беше тука присутен,полека се залепи до задниот ѕид на спалната,ако можеше така да се наречи собата каде што спиеа тој и неговата жена,се залепи и го изоштри слухот до максимум,сега можеше доволно јасно да ги слушне гласовите на сенките.
-Милке-грубо и оштро и се обрати гласот на неговата жена-не си играј со сопствената глава,не си играј со главите на сопствените деца,кажини каде е тој твојот и ние ќе си заминеме.
-Аман Атанас,аман ако знаеш за господ-свика жената.
На ова гласот се возбуди и запењи.
-Доста проклетнице доста,каков господ какви бакрачи,зарем треба со инка да ви тураме во тоа шупливите глави за еднаш засекогаш да сватите дека нема господ,немаааа немааа туриго тоа туриго во таа твоја глава-и започна да ја удира по глава.
Ја гледаше оваа сцена,Владо но неможеше да влезе ,зошто неговото влегување ќе значеше сигурна смрт не само за него туку и за неговата жена и неговите деца,го знаеше тоа од руги места каде им се спротиствуваа,а силата започна да му доаѓа од петици,фалеше само еден миг да скокни преку прозороецот да влезе во собата и на проклетнициве со сопствените раце да им ги откорни вратовите,но брмчењето на камионот надвор го предупреди дека не се сами,а тие па никогаш не доаѓаа сами,доаѓаа со цел еден вод војска,молчеше и со крајни напори се трудеше да го совлада бесот кој кипеше во него.
Кога мислеше дека конечно завршила целовечерната торура ,гласот кој го слушна а доаѓаше веднаш до прозорот само од внатрешната страна,немораше да го гледа доволне беше што го слушна,го стаписа на место,го стаписа и откако си заминаа не можеше да се освести дека може тоа да случува.
-Милке ,наши сме се знаеме долго долго,кажи ајде кажи,каде е Владо,ќе го земат,ќе го однесат некое време,па откако ќе се опамети,ќе видиш ќе се врати и се ќе биде по старо.
Немораше да погледне и преку ѕидот го слушаше забрзаното дишење на сопствената жена,но ова небеше забрзано од возбуда,ова беше исто ако него полно со бес и омраза.
-Проклет,проклет да бидеш довека,ѕверу еден ,ѕверуууууу,како можеше само мајкати да роди еден човек и еден ѕвер,како,проклетнику,зарем исто млеко не цицавте,зарем од иста утроба не излеговте,проклет,проклет да бидеш
. Сега ,да небеа собите направени толку цврсти,можеше слободно да се срушат од гласот на Мирко,викаше,не не викаше,туку грмеше,грмеше и можеби неговото викање го слушнаа целото мало,но тоа во тој момент воопшто не му беше важно на Мирко.
-Запаметимиго зборов што ќе ти го кажам,ќе го најдам,ќе го најдам па макар сум морал камен на камен да превртам,макар сум морал да одам на крајот од светот,ќе го најдам и ќе и го предадам на партијата,ќе и го предадам ќе и го предадам и ќе им кажам,носетего каде што сакате,правете со него што сакате зошто такви предавници не ни се потребни во нашава држава.-овие последниве зборови ги кажа некако со особена гордост.
Сега веќе на Владо започна да му станува јасно,му стана јасно што е целта на ова предавство,не се работеше тука за никаква антидржавна работа,не се работеше тука за некаква си непријателска активност,се работеше за едно обична лакомост,веќе подолго време неговиот брат вршеше притисок врз него да му го препиши целокупниот имот,што тој го наследи од неговиот татко,а и тогаш кога таткому пред да умре,убаво му зборуваше Владо да не го препишува сето негово имање само на него,туку половината да му ја даде на Мирко,но таткому пресече кратко.
-Мирко не го заслужил лебот во оваа куќа,тој е обичен расипник,кога би му го дал половината имање тој веднаш уште другиот ден ќе го продаде,затоа Владо ти го давам тебе знам дека ја сакаш земјата,а и таа тебе те сака. Сепак Татковиот збор и обајцата мораа да го почитуваат,но тоа важеше за Владо,за Мирко тоа важеше до гробишта,уште земјата небеше целосно фрлена врз ковчегот Мирко кој стоеше до Владо тивко му шепна.
-Милум или силум ќе ми го дадеш целокупното имање,подобро порано отколку покасно.
Од овие зборови некако морници му поминаа,навистина малку се исплаши,но сепак рачунаше дека Мирко е сепак Брат и нема да оди до крајност,но токму вечерашново го разувери,го разувери и виде дека Мирко е спремен на се за да дојде до имањето.
Брмчењето на двата камиони,и џипот беше знак дека си замина,како одминуваа миговите така брмчењето беше се послабо и послабо,кога веќе не го слушаше Владо тивко тропна на стаклото,Милка во првиот момент не беше свесна,но повторно тропање ја вратија во стварноста,го отвори брзо прозорецот и Владо брзо како видра се вовлече во собата.
.

Galerija od Sliki

Sajtovite na Cernodrimski

Посетете ги сајтовите на Никодин Чернодримски

Besplatno Prezemanje

Посететего сајтот на Креативе Комонс од каде можете да ги преземете делата на Чернодримски Бесплатно. .......Продолжи.

Address: Скопје-Р.Македонија
Telephone: +123-1234-5678
FAX: +458-4578
Others: +301 - 0125 - 01258
E-mail:
cernodrimski@yahoo.com