Добредојдовте!

Ало Диоген на Линија

На сцената се појавува актерот кој е на возраст на свои 50десетина години,облечен во стара и лита облека,неизбричен неколку дена,одот му е доста спор,но во самото одење има некоја одважност,некоја гордост,погледот кој е кристално бистар му е вперен напред,некаде во некое негово познато, ,главата ја држи високо кренато,во десната рака носи поприлично голема папка,во која се наоѓаат голем број на листови,папката е врзана неколку пати со врвки,со своите сигурни чекори се доближува до бирото,полека и внимателно ја спушта папкате,небаре тоа е некое бесценето богатство,ја спушта нежно и започнува полека и внимателно да ја одврзува,додека ја одврзува целосно е внесен во овој негов мал ритуал на внимателност,се до оној момент додека не свати дека не е сам во просторот,полека го крева погледот и се загледува внимателно во мракот пред него,кога ќе свати дека пред него има живи битиа го започнува сопствениот монолог.

Добровечер........што е зарем нема никој кој ќе ми каже добровечер....зарем навистина нема никој......?

(прави кратка пауза при тоа замавнуваќи со раката и со тоа сакаќи да каже како сакате)

,добро,а и не мора да ми кажете добровечер,тоа сега не е толку важно...ВАЖНО!!!

(овој збор го нагласува)

колку убаво звучи овој збор,зарем не....

(кратка пауза,при тоа гледаќи во публиката,публиката е целосно во мрак,и како поминува со погледот така полека се осветлува салата,но со бледа светлост,целата сцена постојано е осветлена,на која се наоѓа едно старо излитено биро,на него еден огромен куп на хартии,наредени по некој редослед,познат само на актерот,еден стар и оштетен телефон,но сеуште во функција,длабока и масивна пепељара исполнета со допола испушени цигари,една столна лаба која фрла светлост само на бирото,од десната страна се наоѓа дрвена закачалка,на која е закачено старо палто,и додека се гледа закачалката се добива впечаток дека само што не се срушила од тежината на палтото,од левата страна на бирото се наоѓа еден орман,кој е пренатрупан со хартии,некои од хартиите неможеќи да се сместат во него,се наредени на неколку мали купчиња пред самиот орман,борото е поставено на еден тепих,кој исто така не е исчистен од којзнае кога,пред самото биро се наоѓа мала масичка со две дрвени столици.)

Но како што можам да забележам драги мои,па вие не знаете и зошто навистина сте тука,да да навистина не знаете,...а како би знаеле кога и никој не ви кажал,но добро да го оставиме сега тоа настрана,за да не губиме време

(започнува да се смее)

време,време,......

. (со краток но брз поглед поминува низ публиката)

време...колкупати ова сум го слушналовој збор,немам време,имам време,не е мое време,а зошто и да немаме време,па тоа е наше само наше време и ние сме тие кој го правиме времето,да да ние самите,ако ништо и не правиме,тогаш и вистински не постои времето,ако сме пасивни и се препуштиме на стихијата,тогаш логички времето изминува споро,ако постојано брзаме,сакаќи во истиот момент да завршиме две различни работи,тогаш времето ни бега и тогаш навистина сме кратки со мигови,мигови кој го прават нашето време,........простете простете,јас повторно се занесов во сопствените теории и повторно по којзнае кој пат се потрудив,да ви кажам за теоријата на времето.и повторно се одалечив од првобитната мисла ,мисла со која сакав да ви кажам и зошто сте навистина тука дојдени,.......еве да не должам и да не ве држам долго во неизвесност,

(сега прави многу кратка пауза но за него многу значајна)

Вие сте тука заедно со мене да го пронајдеме човекот,да да добро слушнавте,дојдени сте тука заедно со мене да го најдеме човекот,....!!!!

Продолжува

(започнува громогласно и хистерични да се смее)

Не го најдов,не го најдов човекот во тие книги,неее неее драги мои,навистина не го најдов,можеби некаде ги видов контурите на тој човек,но никаде не го видов ликот,тоа беа само нечии исто така осамени потраги по човекот,и наместо да го пронајдат тие го прикажаа демонот,го прикажаа во неговиот вистински лик,премногу јасно ги отцртаа неговите одвратни линии,некои одеа дури до крајност и вешто и само во нивни стил дури ги доловуваа ужасните крици што ги испушта тој демон.

(сега одеднадеш со брзи чекори се симнува во публиката и започнува да им се обраќа на некои од гледачите)

А што мислиш ти

(оди кај друг)

или ти

(сега се врти кон трет)

А што мислиш ти драги мој?дека во тебе не спие тој демон?мислиш дека ти не го носиш?мислиш дека ти не го поседуваш?го носиш го носиш уште од раѓање! и ти и сите ние.

(покажува на срцето)

тука,тукаго храниш со сопствената злоба која секојдневно ја истураш кон се околу тебе,го храниш ,го дембелееш со секој зајадлив поглед што го фрлаш,да да го носиш,го носиш повеќе од сигурно.

(сега се враќа на сцената со спори но сигурни чекори.)

И така јас бараќи го човекот ,го пронајдов демонот,

(повторно се смее хистерично)

Го пронајдов демонот,кој подоцна,кога осаменоста ќе ме прегнеше,ме раскинуваше на илјада парчиња,ме раскинуваше,а јас вриштев!!

(клекнува на подот)

Вриштевввв!!!!,вриштев на целиот мој глас,и колку повеќе вриштев,викав ,молев,толку тој проклетникот беше се посуров,!!!!посурово и се подлабоко ги зариваше канџите во моето месо,напати кога моите молења,крикови и болки немаше да го нахранат

(сега со плачлив глас)

Напати,напати проклет да биди,проклет и во проклетијата!!!

(со голем бес и шкртање на забите)

Напати и парчиња месо кинеше од мене,кинеше лакомо ставаќи ги парчињата месо во неговата одвратна уста,ги џвакаше полека полека полека,и со џвакањето ја правеше болката неподнослива

(со тупаниците удира во подот на сцената)

Толку неподнослива што дури ме доведуваше до лудило,знаеше знаеше проклетникот дека патам,знаеше премногу добро,знаеше и затоа ми ја задаваше болката,мојата болка беше неговото задоволство.

(сега рамнодушно започнува да зборува)

Незнам навистина незнам колку траеше сето ова лудило,веќе престанав да ги бројам деновите,наутро пред белината на денот да блесни,демонот поминуваше нежно насекаде по моето тело,и со чудна брзина ги залекуваше и зацелуваше сите рани,утрото го дочекував без ниедна лузна на телото,а душата, таа беше целата во лузни,но тоа никој не го гледаше,ноќта ја мразев денот не го сакав,но бев немоќен нешто да променам,се препуштив на стихијата,со секоја помината ноќ моите болки беа се помали,се навикнавав на болката така да понекогаш,кога ќе откинеше некое парче месо,а јас немаше да вриснам туку тупо ќе го погледнев,тогаш тогаш се разбеснуваше до невидени граници,незнам ,и да ви раскажам за се,знам дека човечкиот мозок не можи ни правилно да пронајди соодветни зборови со кој ќе се опишат сите тие гадости,гадости одвратни и неописливи.

Неверувате нели,мислите дека бладам,не не подобро кажано мислите дека сепак се ова зборови на еден занесеник кој ете има премногу бујна фантазија,знам знам дека сега тоа го мислите додека ме слушате,

Продолжува

(за миг замолчува и погледот го фиксира во една точка некаде горе во висините)

Чудно во сета таа потрага по човекот како да подзаборавив надуховноста,подзаборавив кога ми е тешко макар на миг да се помолам,не за спас на мојата душа,туку за малку мир,за малку утеха.

(со својот глас едноставно како да сака да ги надвика и покрај тишината што е околу него)

Ќе ги замолам сите кои се верници,ќе ги замолам сите кои сврсто веруваат во верата на овие зборови што сега ќе ги кажам да не ми замерат,или уште полошо да ме обвинат за богохулник или да кажат дека сепак ова се тврди атеистички ставови.

(ја зема фотељата и ја враќа на своето место и на средината од сцената клекнува во стил на кажување на молитва)

Ете сега некои од вас барем ќе помислат дека кога ме растргнале демоните зошто не сум го побарал спасот кај Бога,а што мислите дека не го побарав,го барав го барав и тоа со денови,имаше навистина денови денови кој ги поминував ете вака во молитви молитви,па пак ништо,само тишина тишина и ништо друго.

(сега малку замислен)

Во еден миг додека се молев помислив и дека незнам да се молам,или можеби не ја знам вистинската молитва со кој моите зборови ќе стигнат некаде во небеси,па затоа зедов да ја читам Библијата.

(се насмевнува сам на себе цинично)

Во првиот момент кога ја зедов во раката,ме обзеде некое чудно чуство,чуство кое не би можел со ниеден соодветен збор што го познавам да ви го опишам,тогаш во тој миг помислив дека навистина веќе сум пред својата цел.

Незнаев тогаш дека влегувам во еден огромен лавиринт,лавиринт од кој ми требаше долго долго време да излезам.

(сега кон публиката со директен поглед)

Сега ќе ги замолам ,ама вистински ќе ги замолам оние кој се верници,на ниеден начин да не ме осудат за зборовите што ќе ги кажам,јас ја почитувамнивната верба ,но така и тие сега треба да го почитуваат мојот скептицизам,

Ако ако наречетеме атеист,нема да биде првпат,многумина и пред вас знаете ме нарекувале,некои во својата пламена верба,дури и ме напаѓаа,веле дека сум слуга на злото,дека сум ја продал душата,дека и којзнае уште што не ќе кажеа ако продолжев да бидам во нивна присутност,зборуваа,зборуваа постојано луѓето,а тоа нивно зборување понекогаш вистински ме заморуваше...но да не должам многу,не затоа што времето ќе ни измине,туку ги оставиме минатите дни на минатото да ги складира некаде ,некаде на некое место кое го знае само тоа.

(го менува изразот на лицето,а со тоа менување сака д им каже дека навистина ја затворил таа врата на минатото кое го потсетува на тие настани)

се сеќавам добро,многууу добро на тој миг,мигот кога прв пат ја имам Библијата во своите раце,чуден беше тој момент,ја зедов во рацете,и се почуствував некако исполнет,просторот околу мене беше исполнет со некоја восхитувачка светлина,треперееше,а тоа трепеење како да ги разбранува повторно во мене сите заспани надежи,после мојот пад,имав чуство дека сега навистина дојдов до крајот на темниот тунел.