Елизабета Атанасова

  • slide 1
  • slide 2
  • slide 3
Templatemo Pic 1

ТИ СИ ОДИШ




Заминуваш...
Ти си одиш...
Ми ја остави болката
во тишината.
Моите мисли
останаа,
разлистени,расцветани,
а разбегани.
Во очите мои беше
и блесок и сјај.
Ми исчезна.
Огнената љубов
ќе згасне
како сонцето зад планината.
Крај.
Срцето не ти простува.
Горчливи извори
незапирливо течат
од моите очи.
Ќе ја исчистат ли душава,
од бигорот,од болката,
од тагата?...
По тебе.
За тебе.
Далечен мој,
Незаборавен.



                              Желба


Твоето лице
е жарот
што ме оживува...
Твоите очи сини
се море
со бескрајни тајни...
Пружи ја твојата рака,
излечи ги моите рани.
Ти не ми припаѓаш.
Јас немам право
да те имам.
Знам...
Сепак дојди,
барем да дишам
покрај тебе...

Ви Благодарам

Templatemo Pic 2

БOЛКА



Во ноќите, размислувам за тебе,
љубов моја.
Тоа што те нема,
ме боли...
По таа болка
што ја чувствувам,
знам колку ми требаш,
знам колку те сака
срцево мое.
Каде си?...
Меѓу кои звезди се скри,
Што ли сонуваш,
кои ли силни ветрови
те одуваа
од прегратката моја?...
Околу мене,
нема тишина.
Јас тонам во неа...
Каде си,
љубов најнежна?...
Не оставај ме,
сама,
во овој ноќен немир...
Мојата нсмевка е тажна,
во ладен камен ме претвараш.
Прашина бела ќе станам,
Изгубена во ова време
.Што да сторам,како да те замолам,
во што да се претворам,
со мојата љубов
да те прегрнам?...
Сама не ме оставај.
Без тебе не можам
да се пронајдам.
Бесмислен е
животот без тебе.
И во сонот,
твојот воздух го дишам.
Тажни песни
од твоите воздишки
пишувам.
Музика тивка,
од твојот глас правам
и сите убавини на светот,
во тебе ги претворам.
Ги молам ветровите
назад да ми те вратат.
Насмеаниот лик твој
го сакам,
тишината да ја однесат,
тебе и животот со тебе,
да ми го вратат.




БИСЕР ВО ШКОЛКА



      Во длабочините на душата
                  Како некој бисер во школка
                  Длабоко сокриен од дното на морето
            Таму те чувам мил мој
                  Сакам да сум единствената сирена
                        Која ќе доаѓа кај тебе
            Сакам двајцата да ги делиме сите убавини
                  На морската длабочина
            Да уживаме во таа убавина само
                        ЈАС И ТИ

Ви Благодарам

Templatemo Pic 3

ТИ И ЈАС

Јас сум личност,
а не предмет.
Твојот збор ги уби
чувствата мои...
Љубовта трпи се,
но и тоа се,
ти го помина.
Јас веќе неможам...
Чувствувам,
ќе препукнам...
Јас немам сили
повеќе од тоа се
да издржам.
Ти не разбираш.
Знам,
веќе и ништо не барам.
Некогаш и јас ти бев живот,
или можеби не?...
Посакував ли живот со тебе,
многу ли беше
тоа за тебе?...
Веќе не,
ставам крај на се.
Се смени се...
Знам.
Се смени ти,
се сменив јас...
Мојата луда надеж
ме лажеше,
дека можеби можеме,пак како некогаш,
чисто и силно,
чувствата да ги разбудиме.
Но не било лесно,
баш така да биде,
јас сакам,
а ти не,
далечно е,
минато е се.

СУДБИНА



Што е тоа закон на судбината?
Наместо сонце мене ме топат дождови
...се будам во болка.
Зошто неможам за момент да сум среќна?
Зошто не сме заедно повеќе?
Штом затворам очи
Сонувам како ме бакнуваш
Како сум во твоите прегратки
Лежам на твоите гради.
Што е тоа закон на судбината...
Кога го губиш некој
А го сакаш се повеќе и повеќе!


НОЌЕН ТРАГАЧ"

, Ја читате поезијата на Елизабета Атанасова.


Не!
Не стравувај од љубовта моја

Овие зборови не се синџири.
овие се зборови
што со нежност што ќе те допрат

Зборови
кои сакаат од болката да те тргнат.
Зборови, кои сакаат да те заситат.
Зборови, кои љубов ти нудат.

Не!
Не стравувај од љубовта моја.

Очите мои се огледало,
А твојот лик насмеан на него.
Погледот мој е само за тебе,
Ти можеш нежно во него да потонеш,
Сите бисери да ги собереш.

Не!
Не стравувај од љубовта моја.
Овие усни
не се бранови, кои сакаат да те потонат
Овие усни сакаат, да те љубат.
Во ноќите темни, љубовта ќе ти ја шепнат

Не!
Не плаши се од мене.
Тоа сум само јас.
Ноќниот трагач по ЉУБОВТА.


Јас не сум жртва на љубовта..
Јас сум самата Љубов..
Мојата љубов не ја допира лага..
Моето срце, умее да чувствува..
Кога љубам, јас не губам..
Губитникот си Ти..
Јас давам се, а сепак не губам ништо..
Ти недаваш ништо ..
Но најмило..
Негледаш, Ти губиш се..


ЗАМИНУВАМ

Јас заминувам,
а ти...
Остани со твоето ледено срце,
со твојата лажна љубов.
Ти,што себично ме повреди.
Јас и понатаму
ќе те љубљм...
Овојпат,
во твоите сништа...
Да си спомнеш,
дека постојам,
дека живеам.
Моите нежни чувства,
мојата љубов,
ќе ги најдеш само во соништата.
А јас ќе ја заборавам
болката,
од тебе проникната...



...Сега,кога јас не сум јас,
ти не ќе ме дознаеш...
Заради тебе,
се стана ноќ...

...Ќе останеш моја вечна сага...

Ви Благодарам